Шест возачи, шест видеа, скокови кои никогаш не завршуваат

Шест возачи се дел од предизвикот X Games 2018, и во оваа пригода, тие ни покажуваат дел од нивните најдобри потези. Целта на овој натпревар: Да го направат најдобриот скок со цел да се најдат на врвот на подиумот и да ја добијат првата награда на овогодинешниот настан.

xgames 770x432

Добитниците на златниот, сребрен и бронзен медал ќе бидат објавени на 26 Август за време на едночасовните World of X игри кои ќе бидат прикажани на телевизијата ABC. Фановите исто така се поканети да гласаат за својот фаворит. Ќе може да се гласа се до денот на прикажувањето на шоуто а победникот ќе биде објавен следниот ден. Но дотогаш, погледнете ги шесте возачи кои ќе се појават на патеката.

Аксел Хоџ

Иако минатата година беше фаворит за прво место, Хоџ мораше да отсуствува од настанот поради повреда на раката.  Но сега се враќа и е подготвен да продолжи од онаму каде што застана.

Колтон Хакер

Со веќе освоени СуперЕндуро и ЕндуроКрос шампионати, Хакер исто така се има испробано и во Мотокрос серијата.

Колби Раха

Раха веќе знае какво е чувството на овие игри откако успеа да победи на 2017 MTX Quarterpipe High кој се оддржа во Минеаполис. Оваа година на истиот настан тој заврши на второто место.

Крис Фостер

Канаѓанецот Фостер веќе има учествувано на ваков предизвик: Во 2016 година тој го освои сребрениот медал. Сега се враќа по нов медал.

Џими Хил

За Хил не знаеме многу освен дека го има освоено второто место на трката Harley-Davidson Hooligan. Покрај скокови, знаеме дека е добар и во изведување на трикови. Посветете поголемо внимание на него.

Брајан МекКарти

Вистинско задоволство ќе биде да се види како вози Брајан МекКарти оваа година. По страшната несреќа која ја доживеа во 2014 година, тој беше подготвен да го напушти натпреварувањето. Но реши да не се откажува и во 2017 година го освои бронзениот медал на 2017 MTX Quarterpipe High Air.

Back To Top