Вообичаено, ова би требало да биде најдобриот период за забавниот парк во Калифорнија, но тој е затворен поради реновирање.

Џош Хил, е најпознат по неговото Supercross и MX возење а неодамна се префрли и на возење по снег. А како што можеме да видиме на видеото, и возење низ забавни паркови. Со оглед на тоа дека паркот е затворен, Хил го зеде неговиот Alta електричен мотоцикл и се пушти во авантура.

Беше навистина забавно да се гледа како вози низ паркот но она што најмногу ме воодушеви е што со електричниот мотоцикл, вози низ делови каде што има вода. Знам дека батериите се заштитени, но сепак ова ми изгледа некако погрешно. Искрено, два пати би се размислил пред да се пуштам во некоја ваква авантура.

Од друга страна, видеото би можело да ја предизвика компанијата да отвори посебен дел наменет само за електрични мотоцикли.

Back To Top