Занимливости

Како би требало да изгледа електричен мотоцикл?

Електричните мотоцикли не само што го променија возачкото искуство, за некои позитивно а за некои негативно, туку тие исто така влијаеа и на самиот изглед на мотоциклите. За дизајнерите, електричните мотоцикли истовремено преставуваат предизвик но и нови можности.

Дали батериите треба да бидат скриени или пак треба да се потенцира нивниот изглед? Дали електричните превозни средства треба да имаат нов, футуристички изглед или пак треба да се задржи традиционалниот изглед? Зошто сите електрични мотоцикли се уште имаат нешто што изгледа како резервоар за гориво?

Два електрични мотоцикли кои неодамна беа прикажани во Европа, еден од познат производите а еден од сосема нова компанија, сосема се разликуваат.

Од Шведска ни доаѓа Regent Motorcycles, нова компанија која планира следната година на пазарот да го престави својот прв мотоцикл, Regent NO.1. Мотоциклот има ретро стил. Во меѓувреме, BMW го престави Vision DC Roadster, модел кој има традиционален изглед.

Electric Bike Txt 1 16 07

Regent NO.1 на некој начин го поврзува минатото со иднината, но тој исто така е и мотоцикл опремен со модерни делови. Како што се наведува на интернет страната на Regent: “Креиравме мотоцикл кој ги има комбинација на најдобрите дизајни од моделите од седумдесетите и осумдесетите години. Ера, која морате да признаете беше врв кога станува збор за дизајнот на мотоциклите.“

Не сум сигурен дека треба да го делам ова мислење, но јасно ми е зошто некои луѓе сметаат дека тоа е исправно. Двојните амортизери, бандашите како и резервоарот за гориво му даваат еден специфичен изглед на мотоциклот, нешто што не може да го замени батеријата.

Regent има 72V и 80 Ah батерија за која компанијата вели дека има максимална моќност од 20 коњски сили. Опсегот изнесува 150 километри но не е јасно под кои услови. Мотоциклот има тежина од 130 килограми. Цената во претпродажба изнесува 9500 евра.

Кај овој мотоцикл, очигледно не се важни спецификациите. Тој е наменет за сите оние кои сакаат да имаат мотоцикл кој е лесен за одржување, ја нуди удобноста која ја даваат електричните мотоцикли но воедно е и мотоцикл кој го задржува традиционалниот изглед.

Electric Bike Txt 2 16 07

На спротивната страна на спектарот е BMW. Кога го правеше Vision DC Roadster, компанијата воопшто не помисли на зборот класика. Секако, заслуга за тоа има и целосната слобода која ја имаат дизајнерите при креирање на концепт мотоцикл. Ваквиот модел нема за цел да ги убедува потрошувачите. Тој треба само да го привлече нивното внимание.

Electric Bike Txt 3 16 07

Очекувам сите кои го читаат овој текст да имаат мислење за некој од моделите.

Мотоциклистите според мене се многу традиционални личности и тоа објаснува многу работи, како на пример, зошто крузер моделите се продаваат во толкав голем број или пак зошто електричните модели се уште имаат нешто кое наликува на резервоар. Производителиет на електрични мотоцикли се отворени за креирање на нешто сосема поинакво но барем засега тие ќе продолжат да создават веќе познати работи со цел потрошувачите пополека да се навикнат на новите модели.

Би можело да ве интересира

Како што забележавме на претходната трка во Британија, на тројцата најбрзи им се приклучува и Redding.

Кон крајот на минатиот месец ја имавме честа и задоволството да бидеме дел од првото европско демо возење организирано за медиумите од страна на CFMOTO Франција. 

Победи во сите 3 трки во Donington Park како најава за враќање на Турчинот во одбрана на титулата.

Сите знаеме колку жртви се потребни за постигнување спортски успеси на врвно ниво, но возачите во MotoGP едноставно одат неколку чекори подалеку.

Не баш секој ден на тајмлајн ти поминуваат слики од некој што рачно изработува кациги, особено не тука во Скопје, Македонија. 

Без паника, ова е почеток на едно ново поглавје за култната фабрика од Болоња, но не е и збогум за гласните V2-ки и V4-ки.

Листа на мото настани

Мото клубот No Limit поканува на мото собир на 20 август во Маврово. 

  • 20 Август 2022 - 20 Август 2022
  • Ратрак Маврово

Ноќни Волци Балкан: Интернационален мото собир.

  • 09 Јули 2022 - 09 Јули 2022

Најава за мото собирот на МК ЏИНКА Радовиш кој ќе се оддржи на 29/30/31 јули 2022 година. Повеќе детали наскоро.

  • 29 Јули 2022 - 31 Јули 2022
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.