Што ќе добиете доколку искомбинирате деветкратен Светски Шампион, неговиот роден град и Yamaha M1? Крајниот резултат е една неверојатна забава.
Дури и кога сте девет пати светски шампион, имате урнато безброј рекорди и веќе две децении сте дел од премиерната класа, сигурно имате некои работи кои сакате да ви се исполнат. За Валентино Роси тоа е возење со Yamaha M1 низ улиците на неговиот роден град, Тавулиа. Тоа му се исполни пред одржувањето на Гран При трката на Сан Марино.
Стартот беше на ранчот кој е дом и тренинг центар на возачите кои се дел од VR46 академијата. Откако се подготви за патот кој го очекува, деветкратниот шампион ја започна својата авантура.
Приказната почна на истите улици на кои Роси и пријателите во минатото возеа скутери. Многу работи се променија од тогаш но и дел останаа исти. Една од нив е дефинитивно пасијата кон мотоциклизмот и почита која луѓето од градот ја имаат кон Роси. Тоа најдобро можеше да се види кога тој пристигна во центарот на градот.
Центарот и околните улици беа исполнети со луѓе. Докторот успеа да се пробие меѓу насобраната толпа, поздравувајќи се со нив и исполнувајќи го неговиот но и сонот на многумина кои дојдоа да го видат. Но ова беше само старт.
Следна дестинација беа канцелариите на VR46, лоцирани во близина на центарот на градот. После тоа следуваше делот кој во никој случај не смееше да се пропушти, патеката Марко Симончели во Мисано.
Кога се појави на патеката, брзината повторно се врати на агендата. Мисано е првата патека на која возел Роси. Звукот на М1 предизвика неверојатна возбуда кај сите оние кои имаа среќа да бидат дел од овој настан. Крајниот дел од патеката кој го извозе на едно тркало беше само надополнување на целиот настан.
Бидете со нас во периодот помеѓу 13-ти и 15-ти септември кога Роси повторно ќе се појави на патеката но овој пат во поинаква улога. Трката почнува во недела во 14 часот.
Би можело да ве интересира
Како што забележавме на претходната трка во Британија, на тројцата најбрзи им се приклучува и Redding.
Кон крајот на минатиот месец ја имавме честа и задоволството да бидеме дел од првото европско демо возење организирано за медиумите од страна на CFMOTO Франција.
Победи во сите 3 трки во Donington Park како најава за враќање на Турчинот во одбрана на титулата.
Сите знаеме колку жртви се потребни за постигнување спортски успеси на врвно ниво, но возачите во MotoGP едноставно одат неколку чекори подалеку.
Не баш секој ден на тајмлајн ти поминуваат слики од некој што рачно изработува кациги, особено не тука во Скопје, Македонија.
Без паника, ова е почеток на едно ново поглавје за култната фабрика од Болоња, но не е и збогум за гласните V2-ки и V4-ки.