Не толку одамна, идејата за мотоцикл со издржлива контрола на тракцијата беше нешто незамисливо.  Дури и во 21-от век,кога системите за контрола за стартот, тракцијата и стабилноста во свиоците станаат стандарден дел од дури и најобичните автомобили, производителите на мотоцикли не беа премногу заинтересирани во однос на идејата за електронски промени.

Но сега, системите кои ја контролираат тракцијата при вртење како и ABS сопирачките се шират навистина бргу.  За помалку од десет години, тие преминаа од Супербајк моделите, каде што дебитираа, на обичните, улични модели. Идната година, целата линија на Ducati мотоцикли ќе биде опремена со „cornering ABS “ , па дури и основните модели. За неколку години можеме да очекуваме речиси сите мотоцикли, дури и скутерите, да бидат опремени со ваква технологија.

Зошто? Бидејќи оваа технологија која може да ги спаси животите на возачите стана релативно ефтина, компактна и лесна. Сега е многу потешко да се објасни зошто таа не може да се примени. А IMU или Inertial Measurement Unit- е клучот на сето ова.

Иако е релативно едноставно да се спроведе контролата на тракцијата или пак некој друг анти блокирачки систем на сопирање на права линија, преку споредување на брзината на предното и задното тркало, многу е потешко да го направите тоа кога влегувате во некој свиок. Како што мотоциклот се навалува и вози на работ на своите пневматици, дијаметарот на предните и задните тркала станува многу помал а бидејќи обично тие имаат различна ширина и профил, не се усогласени. Тоа во превод значи дека тие се вртат при различна брзина.

imu 2

За да може да се примени комплексниот систем на контролата на тракцијата или пак ABS мапирањето на мотоцикл кој не се движи само по права линија, ви се потребни многу повеќе информации. Но кажете му ги на компјутерот податоците во однос на аголот на навалување, брзината како и латералното движење заедно со вистинската програма која ќе може сето ова да го интерпретира, можностите тогаш стануваат неограничени.

Појавата на оваа технологија доаѓа благодарение на два дела. Еден од нив е усвојувањето на компјутерски контролираната електронска гас . Денеска таа е речиси универзално применета како одговор на Euro4 стандардот. Електронската гас значи дека сега на компјутерот не само што можете да му дадете контрола во однос на потрошувачката на гориво и брзината туку и дотокот на воздух кој треба да стигне до моторот.  Тоа му овозможува да прави голем број на прилагодувања кои се потребни за успешна контрола на тракцијата.

imu 3

Втората технологија е Микроелектронскиот Механички систем или MEMS. Овие работи го овозможуваат креирањето на IMU.

Иако MEMS личи многу на компјутерските чипови, тие се всушност мали механички сензори, брзинометар и жироскоп, кои се клучот на IMU.

Брзинометарот функционира на тој начин што има тегови кои се наоѓаат на федерите, наречени „ seismic masses“  , и ги има по еден за секој правец (нагоре-надолу, напред-назад и лево-десно).Бидејќи е позната тежината како и должината на федерот, сензорот може да процени колкаво е забрзувањето на одреден правец преку мерење на тоа колку е поместен тегот во однос на оригиналната позиција. Оваа идеја не е нова но MEMS ја прави неверојатно мала.

imu 4

Жироскопот, од друга страна го мери аголот на ротација, повторно на три оски: pitch(напред-назад) , roll(од една до друга страна) и yaw(се врти во зависност од вашата првична насока).

Новите, модерни MEMS IMU имаат жироскоп кој има вибрирачка структура, за разлика од поранешните тешки вакви единици кои се наоѓаа дури и на вселенските летала Аполо. Идејата е дека масата која вибрира напред-назад, ќе продолжи да го прави тоа се додека истото го прави и уредот на кој е закачена. Исто како и кај брзинометарот, и тука се мери вибрирачката маса со цел да се открие насоката на движење на мотоциклот.

Сето ова се случува во еден мал чип кој чини само неколку фунти.

imu 5

Најмногу на еден мотоцикл имат шест оски на движење кои можат да се измерат. Забрзување во три правци и ратација исто така во три правци.  Сепак, со MEMS IMU системот всушност можат да се измерат девет оски- преку додавање на три оскен магнетометар на сензорите на жироскопот и брзинометарот. Тоа ја мери позицијата која е релативна во однос на магнетното поле на земјата и е корисна за некои навигациски уреди. Сепак, таа не е од голема корист кога станува збор за контролата на тракцијата иа ABS сопирачките.

IMU кај мотоциклите, без разлика дали станува збор за оние кои користат пет или шест оски, ги предава сите информации за забрзувањето и правецот на компјутерот кој потоа ги користи за ABS и контролата на тракциијата, а во некои случаи и за прилагодување на електронската суспензија. Додадете ги на ова и другите информации како што се брзината на тркалала и притисокот на сопирачката и компјутерот може да ви креира целосна слика за тоа што прави мотоциклот во моментот. Овие податоци потоа можете да ги споредите со податоците пред програмирањето. Ако некој дел се движи надвор од утврдените граници, компјутерот ќе знае за ова многу порано од вас. Тој дури и ќе ве предупреди преку тоа што ќе ја намали брзината на движење.

Оваа технологија која воопшто не постоеше пред само неколку години (Bosch, кој е лидер во овој сегмент, овие компоненти за прв пат ги претстави во 1998 година)е навистина паметна. Можеби никогаш нема да имате потреба да ги користите, но дури и ако ги употребите само еднаш во текот на целиот ваш живот, тоа ќе го оправда нивното постоење.

Back To Top