„Зошто е добра идеја да ја научам мојата ќерка како се вози мотоцикл“

Секојдневно читаме разни приказни за чудни родители па добро е понекогаш да направиме промена и да слушнеме една приказна за мајка која многу сака да вози мотоцикл заедно со својата седум годишна ќерка. Малин МекКинли не е само мајка, таа е терапевт и социјален работник која се занимава со прашања поврзани со родителството, самодовербата, телесни деформитети. Кога таа вели дека ова е добро за вашите деца, тоа значи нешто. Да го заинтересирате вашето дете за мотоциклите е многу подобро отколку тоа самото да се заинтересира за компјутерските игри.

mother dauther 2

Малин напиша кратко резиме за нејзиниот Suzuki DR-Z125L како и за моделот кој го има нејзината ќерка, 2019 DR-Z50 и ги објасни придобивките што би можеле да ги имаат младите девојки доколку научат да возат. Но бидејќи ова е нејзино лично мислење како мајка а не како професионалец, таа ниту еднаш не спомнува дека е терапевт кој секојдневно се занимава со фамилијарни прашања.

Вели дека нејзината ќерка постојано прашува што можат а што не можат девојките да прават. Секогаш и повторувам дека девојките можат да возат исто толку брзо и да бидат компетитивни како и момчињата.

Целиот текст можете да го прочитате на Ultimate Motorcycling.

mother dauther 3

И покрај генералното мислење на јавноста за крос возачите, тоа не се само млади деца кои се навлечени на енергетски пијалоци. Има голем број на возачи кои припаѓаат на средната класа како и високо образовани семејства. 

Доколку сакате да го научите вашето дете да вози мотоцикл, не морате да трошите премногу пари, а дете кое е „навлечено“ на мотор, никогаш нема да посегне по друг порок.

Back To Top