WSBK

WSBK: Може ли позабавно од тројка?

Како што забележавме на претходната трка во Британија, на тројцата најбрзи им се приклучува и Redding.

Патеката Мост во Чешка има слична конфигурација на онаа во Британија, пред се заради брзите свиоци и моќното сопирање во првиот свиок, па некако беше за очекување да продолжи добрата форма на Toprak. Турчинот го потврди тоа со 2 први места и едно второ место. Тешко може да очекува подобар викенд од ова, но сепак успеа да намали само 5 бода во однос на лидерот во шампионатот Alvaro Bautista кој ги проба сите скалила на подиумот со една победа, едно второ и едно трето место. Rea и Redding останаа без победа, но беа дел од игранката која се одвиваше на патеката. Да одиме по ред.

Race 1 

По одличната брзина која ја покажа Rea на тренинзите и освојувањето на првата стартна позиција, очекувавме и конечна победа на 6-кратниот шампион, но останатите имаа други планови. Победата на почетокот му ја оспоруваше Toprak кој не му да ваше да здивне и на неколку пати, како и на скоро сите претходни трки во последните 2 сезони, се изменуваа на првата позиција. Сите маневри беа на граница на пад и треба навистина да им се честита на коректноста. И двајцата максимално ги користат предностите на своите различни мотори, што е потврдено од позициите на нивните тимски колеги кои не можат да им се приближат на патеките. Истото може да се каже и за Bautista, но и за Redding кој во послените трки, а особено викендов, докажува зошто е одбран да ги брани боите на BMW. Секако дека тука е од помош и специјалистот Kalex кој се погрижи за задниот мост, есенцијален за подобрување на формата на Британецот. Очигледно е дека сега вози далеку поприродно и со голема самодоверба.

57010 jdr r06 action slide big

Да се вратиме на борбата на врвот каде по неколкуте измени во првата половина од трката, Bautista прејде во напад и скоро во еден здив ги претекна Toprak и Rea и одмагли напред. Зад него се одвиваше драма. Некако паралелно со неговиот напад се видоа и првите капки дожд кој послужи како катализатор за напад и на Redding. Иако немаше пороен дожд туку само неколку капки кои испаруваа штом го допираа вжештениот асфалт, сепак беше доволен за поголема претпазливост кај оние кои имаат најмногу да изгубат, односно Toprak и Rea.

Scott ги претекна вториот и третиот во трката и во генералниот пласман и делуваше како да ќе успее да победи. Сепак Alvaro ја контролираше трката на врвот, а при крај почна да паѓа темпото на Британецот, а со тоа почнаа и нападите од Турчинот. Делуваше како реприза на минатата година кога Toprak го победи Redding во последниот круг, но сега го направи истото за втора позиција на подиумот. Во 15-тиот десен свиок, нападна агресивно и скоро го исфрли Британецот од патеката. Возачот на BMW на крај не ја криеше фрустрација и го обележа актуелниот шампион како опасен по здравјето на останатите. А по нападот, не само што ја изгуби втората позиција туку стана мета и на Rea кој ја следеше ситуацијата одзади, па и покрај проблемите со предната сопирачка напаѓаше, но неуспешно овој пат и заврши со своето Kawasaki како четврт зад Ducati, Yamaha и BMW. Дефинитивно WSBK се наоѓа во топ форма!

Superpole Race

Кратката трка не ни ускрати возбудувања. Повторно по стартот поведе Турчинот, пред (С.) Ирецот и Шпанецот. Овој пат Redding заглави во гужвата во вториот свиок и падна до 13-тата позиција. Веќе е правило Bautista да се бори со моторот во првиот дел од трката за потоа да проработи и да напаѓа, но сега заради кратката трка имаше повеќе проблеми да го задржи зад себе тимскиот колега Rinaldi, отколку што размислуваше за победата. На три круга пред крај Rea го претекна Toprak, но најдобриот стопер успеа да му врати на Ирецот и ја продолжија борбата до последниот круг кога Rea се обиде со еден напад од далеку, повторно во 15-тиот свиок да го помина од внатрешната страна. Toprak токму во тој момент ја исфрли десната нога настрана, што го изненади Ирецот и го исфрли од баланс испраќајќи го надвор од патеката. Сепак имаше доволно голема предност за да заврши на крајот како втор зад актуелниот шампион, а Bautista зад двајцата како трет. Redding не разочара со тоа што на крајот успеа да заврши 8-ми што е за пофалба со оглед на кусата трка. По контактот меѓу Rea и Toprak, Турчинот не заборави да го спомене Redding кога искоментира дека ова е тркање и се случуваат и вакви контакти и нема да коментира во стилот на Британецот. Секој има свое видување за тоа до каде е границата на коректност и кога острите маневри стануваат опасни, односно дали коректниот стил на претекнување може да биде неинтересен за публиката. Вечна тема.

Инаку по трката Турчинот и Џони (како што Toprak, апсолутно секогаш, го именува поранешниот тимски колега :))  имаа коректен разговор за инцидентот со максимална почит.

Race 2

По стартот, по трет пат во викендот поведе Toprak со фантастичнот старт, но сега го имаше Шпанецот зад себе. Rea падна на петтата позиција, па си ја отежна работата. За неколку круга успеа да ги стигне првите двајца и можевме повторно да продолжиме со пивото и пуканките. Што би рекол колегата Дарко “аман веќе од овие тројца и нивните претекнувања” :). До таму е голем бројот на претекнувања што понекогаш е навистина тешко да се забележи нивниот број. Секоја чест. 

06328 dcp r6 action 0 slide big

По секое поминување на стартно целната рамнина, предноста на моќниот црвен мотор ја анулираше сината Yamaha со лудачкото сопирање на предно тркало кое траепе по неколку метри. Навистина глетката го одзема здивот и ве остава во грч и прашалници дали ќе успее да атерира успешно и да го совлада свиокот. Rea како да успева до некаде полууспешно да ја следи умешноста на Турчинот, но Шпанецот се обиде еднаш да го следи и го промаши свиокот по што му ја подари втората позиција на Rea. Rea го претекна и првиот, но набрзо ја изгуби позицијата од “каскадерот”. По уште една измена на првите 2 места, Alvaro постојано ја намалуваше разликата до втората позиција и за кратко време успеа да го претекне најпрво Турчинот, а потоа и лидерот Rea. Не треба да повториме дека по преземањето на првата позиција зад него се случуваа нови битки меѓу Rea Toprak…

И кога се чинеше дека тука е крајот на возбудата и дека моќта на Ducati во рацете на Bautista ќе бидат доволни за победа, Турчинот успеа да направи уште еден неверојатен подвиг. Го нападна Шпанецот во последниот свиок и успеа да ја задржи предноста до првиот свиок, по што се одјави и ги остави Bautista и Rea зад себе. Веројатно една од најголемите негови победи ако се земе предвид опремата со која располага и фактот што обично Alvaro е особено јак кон крајот на трката кога е полесен неговиот мотор. Ова докажува дека покрај агресивноста и брзината, успеа да ги сочува и гумите за што треба посебна трпеливост и техника на возење. Браво за сите тројца секако, но особено за победникот. Redding успеа да се избори со се подобриот Bassani и да заврши како четврт. 

Следи 6 неделна пауза која ќе ги одмори натпреварувачите и нивните тимови од адреналинот, и ќе им овозможи да не забавуваат уште повеќе во втората половина од сезоната. 

Би можело да ве интересира

Како што забележавме на претходната трка во Британија, на тројцата најбрзи им се приклучува и Redding.

Кон крајот на минатиот месец ја имавме честа и задоволството да бидеме дел од првото европско демо возење организирано за медиумите од страна на CFMOTO Франција. 

Победи во сите 3 трки во Donington Park како најава за враќање на Турчинот во одбрана на титулата.

Сите знаеме колку жртви се потребни за постигнување спортски успеси на врвно ниво, но возачите во MotoGP едноставно одат неколку чекори подалеку.

Не баш секој ден на тајмлајн ти поминуваат слики од некој што рачно изработува кациги, особено не тука во Скопје, Македонија. 

Без паника, ова е почеток на едно ново поглавје за култната фабрика од Болоња, но не е и збогум за гласните V2-ки и V4-ки.

Листа на мото настани

Мото клубот No Limit поканува на мото собир на 20 август во Маврово. 

  • 20 Август 2022 - 20 Август 2022
  • Ратрак Маврово

Ноќни Волци Балкан: Интернационален мото собир.

  • 09 Јули 2022 - 09 Јули 2022

Најава за мото собирот на МК ЏИНКА Радовиш кој ќе се оддржи на 29/30/31 јули 2022 година. Повеќе детали наскоро.

  • 29 Јули 2022 - 31 Јули 2022
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.