WSBK

Неверојатен камбек на Toprak!

Победи во сите 3 трки во Donington Park како најава за враќање на Турчинот во одбрана на титулата.

Race 1 

Невообичаено високите температури во Британија и класичната конфигурација на патеката со брзи свиоци и остри серпентини, резултираше со првиот троен триумф за актуелниот шампион Razgatlioglu во неговата кариера. Воедно овој викенд ја имаше и првата победа сезонава во класична трка, по победата во Superpole трката во Италија! Може да се каже дека не му тргна баш најдобро годинава на Турчинот. Но ете, не треба да се очајува и кога е најтешко човекот докажа зошто е актуелен шампион. Да се победи вака доминантно покрај 6 кратниот шампион Rea и лидерот во шампионатот, и воедно неверојатно добрата комбинација на возач и мотор, Bautista на Ducati е за поздравување. Проблемите со електрониката на моторот, кои го оддалечија Toprak од победите на почетокот на сезонава, се чини се минато. Секако дека ваквата патека му одоговара на најдобриот “кочничар” во првенството. Едноставно тука нема простор за флуидните линии на Rea и неговото Kawasaki, ниту пак има доволно долги правци за брзиот, но не така агилен Panigale на Шпанецот. Ова му беше јасно на Турчинот кој не дозволи да се најде зад овие двајца подолго од еден правец, затоа што занеше дека штом се најдат напред, можат да му избегаат во далечината, како на претходните трки сезонава. 

johnatan rea donigton 2022

Па така во првата трка веднаш по стартот “каскадерот” избега напред и им се противеше на неколкуте напади на Rea се додека не го измори Британецот и го препушти во рацете на Bautista кој како во неколку наврати сезонава, мудро чекаше на грешка на конкурентите од позадина. Арно ама грешката овој пат ја направи токму лидерот на првентовото кога во последната кривина, возејќи на сосема поинаква траекторија од конкурентите, заради природата на мотоциклот, попушти предното тркало, силно “тресна” на асфалтот по што заврши надвор од патеката. За прв пат во оваа сезона направи неизнудена грешка и покрај тоа што во досегашните трки имаше далеку по остри дуели со двајцата главни конкуренти. Залудни беа обидите да се врати во трка. Црвениот мотор веќе беше премногу оштетен за сериозен резултат. И покрај грешката, не веруваме дека ќе гледаме реприза на онаа хорор сезона во 2019-тата година кога по убедливото водство и 10-те победи во низ, односно 16 победи вкупно, по серијата сосптвени грешки, сепак не успеа да ја земе титулата. Сепак Шпанецот го има тоа искуство и се надеваме дека ќе ја сочува сталоженоста.

По овој пад, крајниот резултат веќе се наѕираше затоа што Rea не можеше да го следи високото темпо на Турчинот и се помири со втората позиција. Зад него имаше вистинска битка за последното скалило на подиумот помеѓу други двајца Британци. Lowes се обидуваше да го престигне одличниот Redding кој конечно доби мотор со кој делумно може да им парира на најдобрите тројца. Новите делови и подобрувања на германскиот мотор покажуваат знаци за прогрес, за што сведочи најдобриот резултат на Redding сезонава, кој не го препушти така лесно третото место, но и реакцијата на неговиот тимски колега Van Der Mark кој се уште се опоравува од лошите повреди кои му се случија сезонава. И самиот Холанѓанец е свесен за напредокот и едвај чека да се врати на својот мотор. Toprak беше видно среќен од победата која дојде по тешкиот почеток на сезоната и ја прослави на подиумот заедно со Rea и Lowes.

Superpole Race

Сега веќе окуражен од победата, Турчинот ја стартуваше оваа спринт трка со ист интензитет како  и првата трка, но сега го имаше на “врат” расположениот Џони уште од самиот старт, па се до крајот на трката. Скратените трки секако по обичај ни нудат најголеми возбудувања, па и оваа не не разочара. Иако Rea беше упорен и се обиде на секој можен начин да го претекне Torpak, Турчинот успеваше да му врати веќе во следниот свиок и со тоа како да ни даваше до знаење дека ја контролира трката. Со победа и во втората трка, актуелниот шампион веќе најавуваше дефинитивна одбрана на титулата и атак на тројна победа во викенд, за првпат во неговата кариера. Rea секако нема причини за незадоволство, затоа што заврши за 3 места пред лидерот во шампионатот Bautista, со што само ја намалува разликата во бодови. Првиот подиум за BMW и Redding е веќе видлив резултат за прогресот кој за релативно кратко време го постигнаа. Воедно и се оправдува довербата на германците за ангажманот на поранешноит шампион во Moto2 и BSB. Сега кога се знае потенцијалот нема враќање назад и можеме да очекуваме уште поголемо вложување од страна на германскиот производител кој не е случајно во WSBK.

Race 2

Повторно Toprak по стартот имаше полни раце работа со бранење на позицијата од страна на Rea. По многуте напади и престигнувања на Rea, Турчинот успеваше да ги неутрализира по само еден правец и конечно го потроши 6-кратниот шампион како во борба на лавови. Младиот лав добива и една психолошка борба затоа што Rea се наоѓа на крстопат за продолжување на неговиот ангажман за следната сезона, што сигурно му тежи вон, но и на патеката. Дали ќе остане во Kawasaki или се споменува дури и преоѓање во Ducati останува да видиме во следните денови*. Советот на големиот Carl Fogarty е да не го менува тимот со кој (се уште) победува.

По надишување на издувните гасови од Yamaha-та која ја следеше поголем дел од трката, и конечното прегревање на предната сопирачка, нешто што е задолжително по дуелите со човекот кој сопира најдоцна од сите на патеката, Ирецот (Од Северна Ирска) мораше да крене бело знаме со што полека паѓаше во мрежата на Bautista. Шпанецот покажа зрелост со тоа што напредуваше на секоја следна трка, па по падот во првата трка, четвртото место во спринт трката, сега успеа да заврши како втор на патеката која баш и не одговара на карактеристиките на Ducati. Со тоа си ја одржа првата позиција во првенството, но и се избори против сопствените демони на минатото и покажа дека е подобрена верзија на себе.

Неговиот тимски колега Rianldi конечно имаше подобар резултат, па се избори во дуелот со повторно одличниот Redding, и заврши зад Bautista. Веќе стандардно добри настапи има и Iker Lecuona кој скоро редовно завршува пред колегата од Honda сонародникот Vierge. 

Следната трка не носи на патеката Мост во Чешка за продолжување на мамутските дуели на кои можеби ќе им се придружи и четврт мускетар. 

*текстот е напишан пред објавувањето на веста за потпишување на новиот договор меѓу Rea & KRT

wsbk donington

Би можело да ве интересира

Како што забележавме на претходната трка во Британија, на тројцата најбрзи им се приклучува и Redding.

Кон крајот на минатиот месец ја имавме честа и задоволството да бидеме дел од првото европско демо возење организирано за медиумите од страна на CFMOTO Франција. 

Победи во сите 3 трки во Donington Park како најава за враќање на Турчинот во одбрана на титулата.

Сите знаеме колку жртви се потребни за постигнување спортски успеси на врвно ниво, но возачите во MotoGP едноставно одат неколку чекори подалеку.

Не баш секој ден на тајмлајн ти поминуваат слики од некој што рачно изработува кациги, особено не тука во Скопје, Македонија. 

Без паника, ова е почеток на едно ново поглавје за култната фабрика од Болоња, но не е и збогум за гласните V2-ки и V4-ки.

Листа на мото настани

Мото клубот No Limit поканува на мото собир на 20 август во Маврово. 

  • 20 Август 2022 - 20 Август 2022
  • Ратрак Маврово

Ноќни Волци Балкан: Интернационален мото собир.

  • 09 Јули 2022 - 09 Јули 2022

Најава за мото собирот на МК ЏИНКА Радовиш кој ќе се оддржи на 29/30/31 јули 2022 година. Повеќе детали наскоро.

  • 29 Јули 2022 - 31 Јули 2022
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.