WSBK

WSBK Донингтон Парк: Остварување на сонот за Сајкс

Том Сајкс за седмата и осмата победа по ред на трката во Донингтон Парк изјави дека е остварување на неговиот сон.

Следете нè на:

 

Том Сајкс ја оствари седмата и осмата победа по ред на трката во Донингтон Парк и изјави дека тоа е остварување на неговиот сон. Перфектната трка на домашен терен ја заокружи и со освојување на пол позицијата.

Возачот на Kawasaki пристигна на трката како фаворит. Тој го потврди тоа со остварувањето на најдобри резултати на секоја сесија, освен на загревањето кое се оддржа во неделата наутро.

sykes donington pobedaДвојна победа за Сајкс во Донингтон

Откако ја освои пол позицијата, Сајкс мораше да се справи со техничките проблеми на неговиот ZX-10R. И покрај тоа, тој доминираше на двете трки. Со овие победи, тој го изедначи рекордот од осум последователни победи на иста патека во WSBK серијата. Рекордот сега го дели заедно со Карл Фогерти кој го постигна истиот успех на патеката во Асен во периодот од 1993 до 1996 година.

„Ова е неверојатно. Имам 30 години и да победувам тука четири години по ред е остварување на сонот. Ќе се обидеме да оствариме две победи и следната сезона. Мотоциклот не беше во најдобра состојба, но успеавме да се справиме со проблемите и задоволен сум од резултатот,“ изјави Сајкс.

„Успеавме да го направиме мотоциклот побрз но тоа ни создаде дополнителни проблеми. Ќе продолжиме да работиме на нив. Среќен сум бидејќи успеавме да победиме на три од последните четири трки.“

sykes rea doningtonТом Сајкс и клубскиот колега Џонатан Реа

Сајкс е првиот возач по Колин Едвардс на кого му успеало десет пати по ред на една иста трка да заврши на подиумот. Фогерти се уште го држи рекордот од 15 победи по ред на патеката во Асен, помеѓу втората трка во 1992 година и втората трка во 1999 година.

Откако победи на три од последните четири трки, Сајкс вели дека ќе продолжи да вози во ист ритам и на следната трка која ќе се оддржи во Мизано. Тој сега се наоѓа на второто место во генералниот пласман.

„Првиот дел од сезоната беше стабилен. Имавме неколку проблеми но направивме промени и се чини дека сме навистина брзи. Со нетрпение ја очекувам трката во Мизано бидејќи бевме брзи во Сепанг, бевме брзи тука, а исто така и остваривме победа на минатогодишната трка во Сан Марино. Тоа ми дава дополнителна мотивација.“

Генерален пласман - Motul World Superbike Championship
Поз. Возач Тим Поени
1. J. REA KAWASAKI 293
2. T. SYKES KAWASAKI 237
3. C. DAVIES DUCATI 231
4. D. GIUGLIANO DUCATI 147
5. M. VAN DER MARK HONDA 141
6. N. HAYDEN HONDA 136
7. J. TORRES BMW 117
8. L. CAMIER MV AGUSTA 97
9. L. SAVADORI APRILIA 89
10. A. LOWES YAMAHA 70
11. X. FORÉS DUCATI 62
12. S. GUINTOLI YAMAHA 58
13. M. REITERBERGER BMW 58
14. J. BROOKES BMW 48
15. A. DE ANGELIS APRILIA 42
16. R. RAMOS KAWASAKI 42
17. A. WEST KAWASAKI 28
18. K. ABRAHAM BMW 25
19. M. BAIOCCO DUCATI 12
20. L. MAHIAS KAWASAKI 9
21. C. BEAUBIER YAMAHA 6
22. L. SCASSA DUCATI 3
23. M. JONES DUCATI 2
24. D. SCHMITTER KAWASAKI 2
25. J. HOOK KAWASAKI 2
26. S. BARRIER KAWASAKI 2
27. M. LUSSIANA BMW 1

Би можело да ве интересира

Со оглед на тоа дека веќе е во тек првиот MotoGP тест за сезоната 2019, денеска на патеката во Валенсија видовме неколку возачи кои за прв пат ги носеа боите на своите нови тимови. Прв на листата беше новиот возач на Honda, Хорхе Лоренцо.

„Многу често победите на трките на издржливост, без разлика дали станува збор за превозни средства на две или на четири тркала, се постигнуваат во гаражите. Поради ова, прецизно извршената замена можеби е најважниот елемент од една трка.“

Маверик Вињалес постигна најдобро време на тестот кој се оддржа веднаш по трката во Валенсија. Возачот на Yamaha кој настапи со новиот модел М1, беше за речиси половина секунда побрз од актуелниот шампион Марк Маркез. Успешен ден имаше и вториот возач на тимот, Валентино Роси кој заврши на третата позиција. Актуелниот Moto2 Светски Шампион, Пеко Бањаиа беше најдобар помеѓу дебитантите и заврши на единаесетата позиција наспатувајќи со Pramac Ducati.

Неделата воопшто не изгледаше како ден на кој ќе се постави нов рекорд во Мото3 класата. Дождот предупредуваше да не се преземаат ризици и да се биде внимателен. Но Чан Онку се погрижи да се случи токму спротивното.

Последната трка од шампионатот ја одбележаа многуте падови, победата на Довициозо и подиумот на Алекс Ринс, а она што беше нај впечатливо беше успехот на Пол Еспергаро кој го донесе КТМ на третата позиција.

GRT Yamaha официјално потврди дека ќе му се приклучи на FIM Светскиот Супербајк шампионат во 2019 година, а Марко Меландри и Сандро Кортезе ќе бидат возачи на екипата.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.