Легендарната Ана Караско ќе му се приклучи на еден од најуспешните тимови во Светскиот Супербајк шампионат и ќе се обиде да ја одбрани титулата која ја освои минатата година.

Караско, која доаѓа од Шпанија, стана првата жена возач која успеала да дојде до титула во мото шампионатите. Таа ќе остане дел од серијата откако потпиша договор со Provec Racing, тимот со кој Џонатан Реа ги освојува последните четири титули.

Екипата има поддршка од Kawasaki Europe а Караско ќе ја има истата тренинг програма како и нејзините нови тимски колеги, Леон Хаслам и Џонатан Реа.

Carrasco2019 2

„Многу сум среќна што ќе бидам возач на Kawasaki“, изјави Караско. „Сакам да му се заблагодарам на целиот тим во DS Junior за целиот напор кој го вложи изминатата година во која бевме шампиони. Во иминатиов период мојата главна цел беше да најдам добар тим со кој ќе можам да се натпреварувам и оваа година. Сега откако сум шампион, притисокот ќе биде уште поголем но ние ќе се обидеме и нашето ниво да го кренеме едно ниво погоре.“

Back To Top