WSBK

WSB: Почнуваат тестовите на тимовите од Светскиот Супербајк шампионат

Екипите од Светскиот Супербајк шампионат денеска завршија со првиот пред-сезонски тест. Домаќин беше патеката Анхел Нието во Херез.

Следете нè на:

 

Речиси сите тимови кои се дел од серијата беа присутни во Шпанија, а покрај нив имаше и неколку тимови од Суперспорт серијата. Веднаш по дводневните тестови во Херез, тимовите заминуваат во Портимао, Поргугалија каде што во недела и понеделник исто така ќе се оддржат тестови.

Патеката во Херез доживеа промена откако на неколку делови, за кои возачите со пожалија дека се проблематички, беше поставен и нов асфалт.

Jerez Txt 24 01

Вреди да се издвои и дека на овој тест, возачите на BMW, Том Сајкс и Маркус Рајтенберг за прв пат се соочија со своите ривали. На патеката не беше присутен тимот на Honda за кој настапуваат Леон Камиер и Риучи Кијонари. Од екипата соопштија дека ќе се фокусираат на тестовите во Азија. На патеката во Херез беше присутен тимот на Althea за кој за прв пат настапи Алесандро Делбианко.

Во однос на Суперспорт категоријата, Жил Клузел го започна своето патување со тимот GMT94. Исто така и Мариа Херера го имаше своето деби на Yamaha R6. Ова за неа и нејзиниот тим, MS Racing, ќе биде прв настап во оваа категорија.

Тестовите се одржаа вчера и денеска во период од 10 часот наутро до 6 часот попладнето. 

Резултати од денешниот тест:

  1. Jonathan Rea (Kawasaki Racing Team WorldSBK) 1’39.160
  2. Alex Lowes (Pata Yamaha Official WorldSBK Team) 1’39.372 +0.212
  3. Leon Haslam (Kawasaki Racing Team WorldSBK) 1’39.502 +0.348
  4. Alvaro Bautista (Aruba.it Racing – Ducati) 1’39.620 +0.460
  5. Toprak Razgatlioglu (Turkish Puccetti Racing) 1’39.942 +0.782
  6. Sandro Cortese (GRT Yamaha Team) 1’40.075 +0.915
  7. Michael van der Mark (Pata Yamaha Official WorldSBK Team) 1’40.145 +0.985
  8. Marco Melandri (GRT Yamaha Team) 1’40.469 +1.309
  9. Michael Ruben Rinaldi (BARNI Racing Team) 1’40.540 +1.380
  10. Chaz Davies (Aruba.it Racing – Ducati) 1’40.621 +1.461
  11. Leandro Mercado (Orelac Racing VerdNatura) 1’40.794 +1.634
  12. Eugene Laverty (Team Goeleven) 1’40.879 +1.719
  13. Jordi Torres (Team Pedercini Racing) 1’41.066 +1.906
  14. Tom Sykes (BMW Motorrad WorldSBK Team) 1’41.206 +2.046
  15. Markus Reiterberger (BMW Motorrad WorldSBK Team) 1’41.231 +2.071
  16. Alessandro Delbianco (Althea MIE Racing Team) 1’42.353 +3.192

Би можело да ве интересира

Четири различни возачи ги освоија првите четири позиции на Филип Ајленд.

X-Lite X-803 Ултра Карбон е најспортската кацига на овој бренд.

Крузер линијата на Honda доби уште еден специјален модел за сезоната која престои. Станува збор за 2019 Honda Fury кој ќе се издвои од останатите модели по својот храбар дизајн и ретро изглед.

Без никакво сомневање, Италија би можела да се нарече центар на дизајнерските студија од целиот свет. Ајде одблизу да ја разгледаме Италијанската дизајнерска сцена на мотоцикли.

Гран При комисијата ги одложи до јуни задолжителните хомологациски правила за кацигите.

Во изминативе две години бевме малку изгубени, но сега знаеме по кој правец да се движиме и имаме поголем оптимизам – Валентино Роси.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.