WSBK

WorldSBK тест, ден 1: Реа се најде на врвот

Сезоната 2017 и официјално е почната, а возачите веќе ги имаат своите први тестови. Повеќето од главните тимови во WSBK серијата своите тестирања ги оддржуваат на патеката во Херез. 

Следете нè на:

 

Сезоната 2017 и официјално е почната, а возачите веќе ги имаат своите први тестови. Повеќето од главните тимови во WSBK серијата своите тестирања ги оддржуваат на патеката во Херез. Меѓу присутните на патеката се фабричките тимови на Kawaski, Honda, Yamaha и Ducati, потоа тимовите на  Milwaukee Aprilia, Althea BSB team и Puccetti Kawasaki.

rea pobeda fa2

На возачите од WSBK серијата им се приклучи и тимот на JG Speedfit Kawasaki од BSB серијата како и неколку други возачи од World Supersport и Superstock 1000 сериите.

Актуелниот шампион Џонатан Реа се најде на врвот на табелата и продолжи да вози во ист стил како и минатата сезона. Реа беше за четвртина секунда побрз од неговиот тимски колега Том Сајкс и за шест десетинки беше подобар од Чез Дејвис од тимот Aruba.it Ducati.

Марко Меландри исто така имаше добар настап и заврши со заостанување од три стотинки зад тимскиот колега Дејвис. Алекс Ловс беше најбрзиот возач на Yamaha заостанувајќи девет десетинки зад Реа.

Зулфами Каирудин беше најбрзиот од World Superbike возачите и на крајот заврши со предност од половина секунда во однос на Жил Клузел. Марко Факани беше најбрзиот возач од класата Superstock 1000.

Вторникот исто така беше и ден за деби настапи. Тимот Ten Kate Honda на патеката во Херез го претстави новиот Honda CBR1000RR Fireblade.

Новата Yamaha R6 исто така се најде на патеката а со него возеа Федерико Карикасуло и Лукас Махиас. 

Поз Класа Возач Мотор Време Разлика Претх. Кругови
1 SBK Jonathan Rea Kawasaki ZX-10R 1:40.162 60
2 SBK Tom Sykes Kawasaki ZX-10R 1:40.422 0.260 0.260 61
3 SBK Chaz Davies Ducati Panigale R 1:40.784 0.622 0.362 68
4 SBK Marco Melandri Ducati Panigale R 1:40.812 0.650 0.028 71
5 SBK Alex Lowes Yamaha YZF-R1 1:41.058 0.896 0.246 55
6 SBK Xavi Fores Ducati Panigale R 1:41.396 1.234 0.338 50
7 SBK Lorenzo Savadori Aprilia RSV4 RF 1:41.416 1.254 0.020 55
8 SBK Jordi Torres BMW S1000RR 1:41.619 1.457 0.203 65
9 SBK Nicky Hayden Honda CBR1000RR 1:41.830 1.668 0.211 36
10 SBK Michael vd Mark Yamaha YZF-R1 1:41.908 1.746 0.078 67
11 SBK Eugene Laverty Aprilia RSV4 RF 1:42.142 1.980 0.234 52
12 SBK Stefan Bradl Honda CBR1000RR 1:42.255 2.093 0.113 47
13 SBK Markus Reiterberger BMW S1000RR 1:42.530 2.368 0.275 61
14 SBK Randy Krummenacher Kawasaki ZX-10R 1:42.747 2.585 0.217 44
               
1 SSP Zulfahmi Khairuddin Kawasaki ZX-6R 1:45.658     44
2 SSP Jules Cluzel Honda CBR600RR 1:46.182 0.524 0.524 52
3 SSP Nacho Calero Kawasaki ZX-6R 1:46.345 0.687 0.163 60
4 SSP Robin Mulhauser Honda CBR600RR 1:46.479 0.821 0.134 55
5 SSP Kyle Ryde Kawasaki ZX-6R 1:46.729 1.071 0.250 52
6 SSP Hikari Okubo Honda CBR600RR 1:47.107 1.449 0.378 64
               
1 STK Marco Faccani Ducati Panigale R 1:43.769     26
2 STK Michael Rinaldi Ducati Panigale R 1:44.023 0.254 0.254 70
3 STK Mike Jones Ducati Panigale R 1:44.211 0.442 0.188 53
4 STK Alessandro Valia Ducati Panigale R 1:46.256 2.487 2.045 26
5 STK Julian Puffe BMW S1000RR 1:46.932 3.163 0.676 53
               
1 BSB Leon Haslam Kawasaki ZX-10R 1:42.774     52
2 BSB Luke Mossey Kawasaki ZX-10R 1:43.574 0.800 0.800 35

 

Би можело да ве интересира

Неделата воопшто не изгледаше како ден на кој ќе се постави нов рекорд во Мото3 класата. Дождот предупредуваше да не се преземаат ризици и да се биде внимателен. Но Чан Онку се погрижи да се случи токму спротивното.

Последната трка од шампионатот ја одбележаа многуте падови, победата на Довициозо и подиумот на Алекс Ринс, а она што беше нај впечатливо беше успехот на Пол Еспергаро кој го донесе КТМ на третата позиција.

GRT Yamaha официјално потврди дека ќе му се приклучи на FIM Светскиот Супербајк шампионат во 2019 година, а Марко Меландри и Сандро Кортезе ќе бидат возачи на екипата.

Џонатан Реа уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите возачи откако постигна најбрзо време на првиот зимски тест кој се оддржа на патеката во Арагон. Пробувајќи го за прв пат  ZX-10RR опремен со новите спецификации, Реа беше за 1.5 секунди побрз од останатите возачи.

Три кратниот светскиот шампион беше именуван за член на MotoGP™ Legend а Шпанецот исто така за време на последната трка од сезоната која се вози во Валенсија ќе биде вклучен и во куќата на славните. Педроса, во 2003 година ја освои титулата во категоријата од 125cc а во 2004 и 2005 година титулата во 250cc. Тој е еден од најуспешните возачи во премиерната класа.

„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.