WSBK

WorldSBK резиме на тестот во Херез: Реа се уште е најдобар, Ducati има прогрес, Yamaha прави мал напредок со задното тркало

Заврши сезоната во WorldSBK шампионатот. Временските услови конечно беа добри на патеката во Херез и четири WorldSBK тимови како и три WorldSSP екипи целиот ден го посветија на тестирање. Односно речиси целиот ден.

Следете нè на:

 

Патеката беше отворена во 10 часот но возачите се појави дури 45 минути подоцна поради ладното време. Но набрзо сонцето си ја заврши својата работа, го загреа асфалтот и возачите беа подготвени за настап.

Загревањето на асфалтот значеше и дека мотоциклите ќе имаат добар контакт со површината. Сепак, патеката на неколку места се уште е оштетена. Според возачите, најлоша е состојбата на свиоците 1,2,6 и 8.

Еден искусен возач изјави дека го забележал Џонатан Реа како грациозно минува покрај дупките на патеката. На крајот тој сепак успеа да постигне добар резултат. Но, настапот воопшто не беше лесен како што изгледаше.

„На делови од патеката асфалтот е испакнат. Може да биде многу опасно ако поминете преку нив. Патеката е во многу лоша состојба, особено во свиоците еден, два и шест. Мора да стават нова подлога.“

Реа го заврши денот како најбрз возач со предност од шест десетинки пред возачот на Pata Yamaha, Алекс Ловс. Тој пак беше за четири десетинки побрз од тимскиот колега на Реа, Леон Хаслам. Реа се обидуваше да се адаптира на новиот 2019 Kawasaki а особено на преносот на моќта на мотоциклот.

„Им кажав на инжинерите на Kawasaki на што да се фокусираат во текот на зимата со цел преносот на моќта да биде помазен“,  изјави Реа. Неговиот тим експериментираше со балансот на мотоциклот и беше постигнат одреден напредок.

Реа вели дека не е изненаден од брзината на новиот Panigale V4 R. „Тоа е Ducati. Тие нема да се појават на патеката со нешто што не е компетитивно.“

„Изгледа дека Чез и Алваро се навистина брзи, но тоа и се очекуваше,“ вели Реа.

Алваро Баутиста беше брз но сепак два пати падна. Шпанецот сам беше крив за една од несреќите, загуби контрола над предното тркало, но вториот пат несреќата беше надвор од негова контрола. Баутиста помина поголем дел од денот обидувајќи се да открие како функционира Panigale V4 R. Неговиот тим правеше разни промени на мотоциклот за да откријат како тој ќе реагира. На крајот, тој беше задоволен од брзината која ја постигна.

jonathan rea kawasaki racing team phillip island australia worldsbk

Иако како што вели се чувствувал пријатно на мотоциклот, сепак се обидувал да разбере како функционираат пневматиците на Pirelli. „Можам да возам но се уште не знам како правилно да ги користам и како да извлечам најмногу од нив,“ вели Баутиста.

Треба да ги подобриме перформансите на мотоциклот кога тој се наоѓа на средина и кога излегува од свиоците, вели Шпанецот. Кога се наоѓам во средина на свиокот, мотоциклот се однесува како да сака да излезе надвор од патеката. Баутиста вели дека не е сигурен дали е тоа поради мотоциклот или поради пневматиците.

Една работа во која се согласија и двајцата возачи е дека мотоциклот треба да се подобри кога излегува од свиок.

Откако во вторникот настапи со WorldSBK Panigale, Баутиста утре ќе настапи со Ducati MotoGP мотоцикл и ќе биде нивни тест возач. Тој ќе биде замена за Микеле Пиро кој се опоравува по операцијата која ја имаше на рамото.

Иако Баутиста вели дека со нетрпение чека повторно да се качи на некој MotoGP мотоцикл, сепак смета дека тоа е многу поразлично отколку настап на трка бидејќи треба да се вложи многу поголем напор со цел да се добие подобар мотоцикл за сезоната 2019.

Чез Дејвис е во фокусот на WorldSBK тест програмата на Ducati но неговото искуство со  Ducati Panigale 1198 V-twin не е од голема корист бидејќи V4 е комплетно нов мотоцикл.

Добрата работа, како што вели Дејвис, е дека четири цилиндричниот мотор ги прави работите многу подобри во споредба со неговиот претходник.

Мотоциклите на Дејвис и Баутиста делат иста задна вилушка за која и двајцата возачи велат дека претставува подобрување. Таа помага мотоциклот да биде малку повеќе агресивен кога излегува од свиок, за што Дејвис вели дека е проблем на новиот мотоцикл.

Дејвис вели дека развојот се движи во вистинскиот правец но тимот се уште го чека многу работа. „Се чини како пред да да има голема планина која треба да ја искачиме. Има толку многу информации и треба сите работи да се усогласат.“

Дејвис вели дека е оптимист во однос на настапот на Ducati во 2019 година.

Сепак вели дека мотоциклот би можел да биде многу поконзистентен но не сакаше да дава никакви прогнози во однос на следната сезона.

Важно е за Ducati новиот Panigale V4 R да биде компетитивен. Тоа исто така е важно и за  WorldSBK. Досега сите обиди да му се спротистават на актуелниот шампион Џонатан Реа не успеаа а возачот кој доаѓа од Северна Ирска на новите технички правила гледа како на предизвик кој треба да се надмине.

Dorna се надева дека новиот V4 мотор на Ducati ќе успее да му се спротистави на Kawasaki и да ја направи серијата многу поинтересна. Мотоциклот веќе го привлече вниманието на јавноста а тест возачот за уличните мотоцикли на Ducati, Алесандро Валиа веќе го испроба мотоциклот во пресрет на презентацијата која е закажана за петок на патеката во Херез.

Мотоциклот беше опремен со веќе употребени пневматици како и општ сетап а Валиа беше за пет секунди побавен од мотоциклот со кој настапија возачите на Aruba.it кој пак настапи со пневматици кои се користат на квалификациите.

Кај Yamaha, Алекс Ловс ја испроба новата задна вилушка која тимот ја донесе специјално за овој тест. Тој и неговиот тимски колега, Михаел ван дер Марк тестираа различни делови на мотоциклот. Ловс ја испроба новата задна вилушка додека пак ван дер Марк го тестираше предниот дел од мотоциклот.

Ловс беше задоволен од напредокот а промените кои беа направени во однос на сетапот помогнаа да се извлече најдоброто од новата задна вилушка.

Тежината е префрлена повеќе кон средината на мотоциклот што пак овозможува подобра стабилност при излегување од свиок. Целта, како што вели Ловс, е да се креираат поголеми можности за прилагодување кои пак ќе го направат мотоциклот покомпетитивен на различни патеки.

gg769210

Во понеделникот, Ловс изјави оти мисли дека неговиот мотоцикл им дава предност од 0.5 секунди на неговите ривали. Откако заврши тестирањето на новата задна вилушка беше откриено дека таа разлика сега изнесува 0.4 секунди.

Покрај на мотоциклот , Ловс работеше и на неговиот стил на возење. Целта е да се добие малку повеќе на брзина кога возачот влегува во свиок и да се намали тенденцијата да се влезе во свиок на самиот лимит.

Оваа промена тој ја правеше во текот на целата сезона 2018 но на овој тест тој можеше да се фокусира конкретно на тоа.

Двајцата возачи се согласни дека тимот треба да посвети поголемо внимание на електрониката. Тоа е делот каде што може да се направи најголем исчекор и каде што може да се подобри стабилноста на мотоциклот.

Ван дер Марк го помина денот работејќи на предниот дел на мотоциклот, но сепак се соочуваше со проблеми. Холанѓанецот се уште ги чувствуваше последиците од повредата и немаше добра контрола над мотоциклот.

За среќа, повредата заздравува според очекувањата и тој ќе биде целосно подготвен за следниот тест кој ќе се оддржи во Јануари.

Кај тимот GRT, Марко Меландри имаше забрана да комуницира со медиумите поради тоа што се уште е под договор со Ducati, но неговиот тимски, Сандро Кортезе, колега смееше да зборува.

Германецот се уште се адаптира на супербајк моделот а Yamaha YZF-R1M е целосно различна од R6 со кој се тркаше минатата година. Кортезе се мачеше со сопирачките, но како што вели тој, сето ова е дел од процесот на учење.

Каков заколучок можеме да изведеме од овој тест? Според актуелниот WorldSBK шампион, Џенатан Реа тешко е да се одговори.

„Секогаш е така на зимскиот тест,“ вели Реа. „Да бидам искрен, навистина е тешко да се даде одговор. Минатата недела ми се чинеше дека Yamaha е далеку но оваа недела Алекс покажа дека може да биде навистина компетитивен.“

„Мислам дека Yamaha се подготвени. А секако дека и мотоциклите на Ducati ќе бидат се подобри. Сите состојки се тука за да имаме една навистина добра сезона. Но навистина е тешко да се каже.“

„Ние имаме пакет во кој сите работи функционираат беспрекорно. Не треба да го менувам мојот пристап ниту пак моите подготовки.“

rez 2

Би можело да ве интересира

Се чини дека постојано има некакви најави и новини во однос на иднината на Ducati, особено со неодлучноста на  Volkswagen AG дали сака да ја задржи компанијата или пак планира да ја продаде.

Аргентинската Гран При трка ќе остане на патеката „Termas de Rio Hondo“, која се наоѓа на северот на државата, уште најмалку три години откако беше продолжен договорот со првите луѓе на MotoGP. Ваквата одлука беше соопштена на прес конференцијата која се случи во Буенос Аирес на почетокот на неделата.

Алваро Баутиста детално откри како во текот на зимата се прилагодува на мотоциклот на Ducati со кој во сезоната 2019 ќе се натпреварува во Светскиот Супербајк шампионат. Баутиста го имаше своето деби со Aruba.it Ducati во текот на дво-дневниот тест на патеката во Херез и за прв пат го испроба новиот Ducati V4 R Superbike.

Првите луѓе на Светскиот Супербајк шампионат ги потврдија драстичните промени на структурата на серијата кои ќе започнат од 2019 година.

Алекс Ринс, Јоан Мир и Силвиан Гинтоли го искористија последиот MotoGP тест за да го намалат бројот на нови елементи кои ќе бидат дел од GSX-RR со кој ќе настапуваат следната сезона.

„На Дани Педроса ќе му треба дополнителен простор за багаж на патот назад од Јапонија“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.