Три фабрики како и осум возачи кои се дел од WorldSBK се појавија на патеката во Херез во неделата. Ducati настапи со новиот Panigale V4R но на крајот сепак Џонатан Реа беше најбрз.

Сите погледи беа вперени кон гаражата на Ducati и кон Алваро Баутиста кој го имаше првиот настап со Panigale V4 R. „Прв ден во училиште“, вака го опиша настапот Шпанецот на кого му требаше малку време да се навикне на мотоциклот. Сепак, тоа е голема промена во однос на Desmosedici со кој возеше во MotoGP.

Но V4 сепак има голема моќност, а некои од тимовите се пожалија дека за време на тестот во Арагон, тој бил за дури 10 километри побрз од нив. Тука разликата беше помала но беше очигледно дека Panigale е побрз од неговите ривали.

Како што изјави Баутиста, мотоциклот го потсетувал на моделите од класата 250cc. Чез Дејвис пак изјави дека мотоциклот е многу поразличен од моделот кој тој го возел додека бил дел од таа серија.

Адаптацијата на Баутиста помина успешно, а тој настапи со два вида на пневматици кои се користат на квалификациите. Едниот сет му беше потребен за да го види нивниот потенцијал додека пак со другиот да постигне што е можно подобро време.

02035 PreSeason WSBK Action

Резултатот кој го постигна беше доволен за второто место. На крајот тој заостануваше три десетинки во однос на прво пласираниот Џонатан Реа, а за неколку десетинки беше подобар од тимскиот колега Чез Дејвис.

Велшанецот се обидуваше да открие како функционира Panigale V4 R и да го обезбеди најдобриот сетап. Мотоциклот е многу различен во споредба со Panigale 1198cc twin и многу малку работи би можеле да се искористат.

Тој е пократок поради конфигурацијата на моторот, а тоа пак во превод значи дека е потребен многу поинаков сетап. „Додека возам размислувам на 20 различни работи“, изјави Дејвис. Сепак, како што вели, се обидува да ги решава работие една по една со цел да се постигне добар напредок.

Мотоциклот е добар при сопирање и тоа ми е од корист, вели Дејвис.  Откако целосно ќе откријат како функционира мотоциклот, тој ќе може да се бори со најдобрите возачи. Но сепак до тој момент ги чека уште многу работа. Ова е само почеток, смета Дејвис.

Во Yamaha, Михаел ван дер Марк работеше на суспензијата, задната вилушка како и електрониката. Сепак, повредата која ја доби на трката во Катар го спречуваше докрај да ја заврши работата.

00095 PreSeason WSBK Action

Неговата повреда првично не беше забележана на ренген снимката но CT-скенот ја откри. Но до моментот кога беше откриена, докторите веќе изјавија дека раната добро заздравува. Ван дер Марк повеќе време посвети на поголемите промени на мотоциклот и да се обиде да го почуствува како тој функционира.

Алекс Ловс пак смета дека се потребни големи промени со цел да се направи YZF-R1M компетитивен во однос на останатите мотоцикли. Разликата беше половина секунда, а како што вели Ловс, тоа не се постигнува преку малите измени. Тој имаше нови вилушки кои му даваа подобро чувство но најмногу внимание треба да посветат на електрониката со цел да добијат подобро забрзување кога излегуваат од свиоците.

„Yahama е добра и брза, но штом ќе почнете да се борите со некој друг возач ќе загубите. Ако успееме да го решиме тој проблем, тогаш ќе можеме да се бориме за победа“, смета Ловс.

Џонатан Реа настапи со Kawasaki  ZX-10R кој ги има новите спецификации. Новиот мотор има одредени промени кои го прават поагресивен при поголема брзина. На некои делови од патеката во Херез тој беше навистина тежок да се контролира.

Неговиот тимски колега, Леон Хаслам, исто така се обидуваше да се прилагоди на новиот мотоцикл. Како што вели, електрониката правела да му биде многу потешко да се навикне. Смета дека мотоциклот не ви кажува што се случува, а единствениот начин да дознаете дали сте доволно брз е да го видите времето кое сте го постигнале по завршувањето на кругот. „Морав многу повеќе да го прилагодам мојот стил на возење“, вели Хаслам.

Исто така имаше и неколку забелешки во однос на патеката, пред се бидејќи и требаше подолго време да се исуши. Но дури и кога таа беше сува, површината беше во лоша состојба.

rez1

Back To Top