После 6 сезони имаме неизвесен финиш пред последниот викенд во Малезија. Razgatlioglu или Rea? Кој ќе биде шампион оваа година?

toprak rea full

Изминатите години не дека не биле возбудливи завршниците во WSBK шампионатот, но ниту една не била доведена до последниот викенд. Оваа година разликата помеѓу првиот, Toprak Razgatlioglu и актуелниот шампион Jonhatan Rea по изозени 12 рунди и 35 трки е само 30 поени. Разлика која е доволно блиску да овозможи возбуда викендов кој ни претстои. Разлика која на минатите викенди во повеќе наврати не била доволна да му ја зачува позицијата на лидерот. 

За титулата ќе се вози на нова патека во Малезија - Pertamina Mandalika International Circuit. Атрактиванта локација само придонесува за поголема рамноправност во битката затоа што ниту еден возач досега нема возено, а првичните подготовки се одвиваат со помош на дронски снимки и компјутерски графики.  

Back To Top