Алваро Баутиста продолжува со перфектниот старт на новата сезона и стигна до нов хет трик од победи.

Алваро Баутиста продолжува со перфектниот старт на новата сезона и стигна до нова победа на патеката во Тајланд. Возачот на Aruba.it Racing Ducati има 100 процентен успех во неговата Супербајк кариера и на останатите возачи не им остави никаква можност да се надеваат на победа. Баутиста на крајот заврши со предност од 10 секунди.

Bautista Thailand Race Txt 18 03

Џонатан Реа во поголем дел од трката се бореше со Алекс Ловс за втората позиција. Возачот на Pata Yamaha заврши на истата позиција на првата и на спринт трката.

Михаел ван дер Марк не успеа да ја повтори брзината на неговиот тимски колега и на крајот мораше да се задоволи со четвртото место. Сепак, тој успеа да ги победи возачите на Kawasaki и GRT Yamaha, Леон Хаслам односно Марко Меландри.

Вториот возач на Aruba.it Racing Ducati, Чез Дејвис, беше дел од интересна борба со ван дер Марк, Хаслам и Меландри но поради технички проблеми во осмиот круг мораше да се повлече од трката.

Сандро Кортезе имаше уште еден солиден настап и возачот на GRT Yamaha на крајот го освои седмото место а веднаш зад него беше возачот на Barni Ducati, Михаел Рубен Риналди.

Во последните делови од трката, Торпак Разгатлиоглу (Puccetti Kawasaki) успеа да го претекне Жорди Торес (Pedercini Kawasaki) а Маркус Рајтенбергер (BMW) заврши на единаесетото место. Неговиот тимски колега, Том Сајкс, мораше предвреме да ја заврши трката поради механички проблем.

Возачите на Moriwaki-Althea Honda и Mie Althea Honda, Риучи Кијонари и Алесандро Делбианко го освоија дванаесетото и тринаесетото место. Леон Камиер мораше да ја пропушти втората трка а Јуџин Лаверти го пропушти целиот настап во неделата.

Back To Top