Скот Рединг вели дека титулата во BSB шампионатот му ја вратила страста за тркањето и дека сега сака да има одличен настап во Супербајк серијата.

Откако стигна до титулата во дебитанската сезона во BSB шампионатот, Рединг премина во фабричкиот тим на Aruba.it Racing Ducati за кој ќе вози во сезоната 2020. Откако стана најмладиот возач кој победил на една Гран При трка, 2008 година, Донингтон Парк во класата од 125cc, Рединг помина речиси една деценија во Гран При натпреварувањето. Но откако беше отпуштен од Aprilia, Британскиот возач реши да почне одново.

Гладен за нови победи, Рединг одлучи да настапи во BSB серијата. Одлуката се покажа како исправна и титулата во овој шампионат му овозможи премин во фабричкиот тим на Ducati кој е дел од Светскиот Супербајк шампионат.

А во пресрет на дебитанскиот настап во WSBK серијата, Ридинг зборува за се она што го преживеал во изминативе 12 месеци и што очекува во иднина.

„Завршив во Британскиот Супербајк Шампионат и тоа на еден начин ми помогна повторно да ја стартувам кариерата“, изјави рединг за WorldSBK.com.

„Таму не заминав со надеж дека ќе завршам меѓу најдобрите пет возачи. Сакав да победам. Многумина ми велеа дека сум готов и дека нема да успеам. Но јас сум истиот човек кој го познаваа во минатото. Ако се тркам, сакам да дадам се од себе.“

Redding WSBK txt 16 01

„За прв пат во мојата кариера нешто се одвиваше според планот. Тоа ми помога да преминам во Супербајк серијата и тука ќе се обидам повторно да дојдам до титулата. Имав долга кариера и сигурен сум дека досегашното искуство ќе ми биде од корист.“

Британскиот возач ќе го замени Алваро Баутиста во фабричкиот тим на Ducati и во 2020-та година ќе се обиде да го симне од тронот шампионот Џонатан Реа.

„Имам голем предизвик пред мене и сакам да бидам 100% подготвен“, вели Рединг. „Ако сакаш да се бориш со најдобрите мора да бидеш целосно подготвен. Верувам во себе и секојдневно се предизвикувам. Од моја страна, тоа е се што можам да направам.“

„Зад мене имам тим и производител со кој верувам дека можам да стигнам до главната награда.“

Back To Top