Леон Камиер е во трка со времето да биде подготвен за стартот на сезоната 2020 од WorldSBK шампионатот откако имаше уште една операција на рамото.

Подготовките на Леон Камиер за сезоната 2020 од WSBK серијата претрпеа уште еден удар откако беше приморан да замине на операција на левото рамо. Во изминативе 12 месеци Британецот претрпе неколку повреди. Првата и најсериозна се случи на трката во Имола, кога по вина на друг возач тој заврши надвор од патеката.

Шампионот од сезоната 2009 во Британскиот Субербајк, се врати на патеката во тимот на Honda Moriwaki Althea и ги извозе последните три трки. Камиер се надеваше дека повредите се веќе зад него и дека ќе биде подготвен за новата година каде ќе настапи за Barni Ducati. Сепак, на пост сезонскиот тест во Арагон тој повторно падна.

Го пропушти вториот тест на тимот кој се оддржа во Валенсија и се надеваше дека целосно ќе заздрави. Но после деталните прегледи беше утврдено дека мора да замине на уште една операција.

Kamier txt 30 12

Тој сега е во трка со времето за да биде подготвен за првата трка од сезоната која ќе се оддржи на патеката во Филип Ајленд во февруари. Големи се шансите тој да ги пропушти и тестовите кој се закажани за јануари.

„На 24-ти декември, Леон Камиер имаше уште една операција на левото рамо кое го повреди на патеката во Арагон. Иако докторите првично сметаа дека нема да има потреба од операција, деталните прегледи потврдија дека мора да се изврши оперативен зафат за целосно и побрзо да заздрави повредата.“

„Заедно одлучивме таа да биде направена за време на паузата за да има време да се стабилизира рамото и да заздрават скинатите тетиви. Операцијата заврши успешно. Леон е веќе пуштен од болница и почна со рехабилитација со цел да биде подготвен за првата трка од WorldSBK шампионатот.“

Back To Top