Џонатан Реа ја намали предноста на Алваро Баутиста на само 16 поени откако стигна до втората победа на трката во Мисано.

Џонатан Реа ја намали предноста на Алваро Баутиста на само 16 поени откако стигна до втората победа на трката во Мисано. Лидерот на табелата падна на самиот старт на трката.

Актуелниот шампион во Супербајк серијата, и самиот падна за време на Superpole sprint трката на која победи Баутиста. Сепак, на крајот тој ја искористи грешката која ја направи Баутиста за време на вториот круг. Шпанецот и неговиот Ducati V4 R се вратија повторно во трката но овој пат на последното место и со заостанување од 40 секунди зад лидерот. Реа пак си постави за цел да го стигне неговиот тимски колега од Kawasaki, Леон Хаслам и возачот на Puccetti Kawasaki, Торпак Разгатлиоглу, кои се наоѓаа напред на патеката.

Турскиот возач го презеде водството на почетокот на петиот круг, а малку подоцна и Реа успеа да го претекне Хаслам кој потоа се најде на третата позиција.

Кратко подоцна двајцата возачи се одвоија а на три круга пред крајот, четири кратниот светски шампион за прв пат на трката прејде во водство.

Jonatan Rea Misano txt 24 06

Разгатлиоглу не се откажа и во последnиот круг, во свиокот број 4 накратко повторно прејде во водство. Сепак, Турскиот возач премногу широко влезе во следниот свиок и тоа му овозможи на Реа повторно да дојде на првата позиција и да стигне до неговата 75-та победа во Супербајк кариера.

Иако не успае да стигне до победа, Разгатлиоглу имаше уште еден импресивен настап . Заедно со Хаслам, подиумот го комплетираа возачи кои настапуваат со Kawasaki.

Алекс Ловс стигна до четвртото место а Мајкл Рубен Риналди дојде до петото место. Веднаш зад нив беа Том Сајкс од BMW и Чез Дејвис од Aruba.it Racing Ducati.

Микеле Пиро и Barni Ducati заврши на осмото место а возачот на Goeleven Ducati, Лоренцо Занети заврши на деветото место.

Жорди Торес и Pedercini Kawasaki ги заокружија првите десет места а Маркус Рајтенберг од BMW и Лорис Баз од Ten Kate Racing ги освоија единаесетото и дванаесетото место.

Самуеле Кавалиери кој настапи со мотоцикл на Motocorsa Racing Ducati ја премина целната линија на тринаесетото место а Баутиста заврши на четиринаесетата позиција. Сандро Кортезе го освои последното место кое носи поени а веднаш зад него се најде неговиот тимски колега Марко Меландри и возачот на Moriwaki Althea Honda, Риучи Кијонари.

Леандро Меркадо, Јуки Такахаши и Алесандро Делбекио не успеаа да ја завршат трката.

Back To Top