Џонатан Реа вели дека победите на трката во Мисано биле одлучувачки во борбата за титулата.
Џонатан Реа вели дека победите на трката во Мисано биле одлучувачки во борбата за титулата бидејќи со нив ја намали разликата во однос на лидерот Алваро Баутиста. Возачот на Kawasaki победи на првата трка која се возеше на влажни услови а потоа победи и на втората трка.
Излетувањето на Баутиста надвор од патеката додека беше во водство, му овозможи на Реа да ја намали разликата. Вели дека сега е исклучиво фокусиран на борбата за титулата со оглед на тоа дека разликата меѓу двајцата возачи изнесува само 16 поени.
„Добро беше за нас тоа што победивме на две трки, особено тука, патека која е многу важна за нас“ , изјави Реа. „За жал за време на Суперпол трката направив голема грешка но сепак успеав да завршам на петото место што е навистина важно за нас.“
„Втората трка денеска беше навистина тешка бидејќи температурата на воздухот беше висока. Чувствував дека сум многу бавен но не сакав да притиснам до крај. Видов како Алваро на самиот почеток на трката излетува надвор од патеката. Условите за возење беа навистина тешки и лошо влијаеа на предната гума.“
„Имавме проблем и со задната гума но и покрај тоа победивме и тоа е најважно. Ова беше одличен ден за Kawasaki бидејќи три нивни мотоцикли се искачија на подиумот за време на втората трка.“
Следната трка ќе се вози во Донингтон а Реа ќе се обиде дополнително да ја намали разликата со Баутиста.
Би можело да ве интересира
Како што забележавме на претходната трка во Британија, на тројцата најбрзи им се приклучува и Redding.
Кон крајот на минатиот месец ја имавме честа и задоволството да бидеме дел од првото европско демо возење организирано за медиумите од страна на CFMOTO Франција.
Победи во сите 3 трки во Donington Park како најава за враќање на Турчинот во одбрана на титулата.
Сите знаеме колку жртви се потребни за постигнување спортски успеси на врвно ниво, но возачите во MotoGP едноставно одат неколку чекори подалеку.
Не баш секој ден на тајмлајн ти поминуваат слики од некој што рачно изработува кациги, особено не тука во Скопје, Македонија.
Без паника, ова е почеток на едно ново поглавје за култната фабрика од Болоња, но не е и збогум за гласните V2-ки и V4-ки.