Лошиот настап на Јохан Зарко во тимот на КТМ продолжи и минатиот викенд на трката во Италија.

Лошиот настап на Јохан Зарко во тимот на КТМ продолжи и минатиот викенд на трката во Италија откако заврши на последното место со заостанување од 41 секунда зад победникот. Продолжуваат да се развиваат гласините во однос на неговата иднина. Можеби најинтересно од сите нив е обидот на Honda да го донесе во нивниот нов Супербајк проект. Французинот би требало да биде предводник на нивниот проект и покрај тоа што има дво годишен договор со Австрискиот тим.

Johan Zarko txt 07 06

Расположението во КТМ се чини дека се влошува а постојат информации дека има сериозни несогласувања внатре во тимот. Неодамна, телевизиските камери го забележаа шефот на тимот, Стефан Пиерер како жестокот реагира на перформансите на Францускиот возач.

„Перформансите на Јохан едноставно се неприфатливи. Има проблеми но тие се базираат на психолошка база. Неодамна тој се раздели со долгогодишниот агент а луѓето кои сега се околу него создаваат многу проблеми.“

Иако во моментов ваквите информации не се ништо повеќе од гласини, тие доаѓаат од неколку добро упатени извори. Веќе има најави дека Honda планира значително да го подобри настапот во WSB серијата почнувајќи од 2020 година а новиот мотоцикл би требало да биде замена за Fireblade.

Засега најсилни се гласините дека токму Зарко ќе премине во тимот. Сепак, Италијанските медиуми велат дека постои голема можност актуелниот лидер на табелата, Алваро Баутиста, во иднина да премине во HRC.

Back To Top