Во пресрет на тестовите во WorldSBK серијата, Џонатан Реа и Алекс Ловс го претставија 2021 Ninja ZX-10RR.

Новите бои потсетуваат на оние кои овој мотоцикл ги имаше минатата сезона но исто така додадени се елементи и од шарите кои екипата ги имаше во деведесетите години од минатиот век.

Kawasaki стана четвртиот производител кој ја претстави машината со која ќе настапат во новата сезона. Претходно, истото го направија Ducati, Honda и Yamaha.

Презентацијата на новите мотоцикли беше онлајн.

Kawasaki WSBK txt 31 03

За Реа и Ловс ова ќе биде втора сезона како се тимски колеги. За разлика од нив, Ducati и Yamaha имаат нови возачи.

Ducati минатата година со Скот Рединг беа главни конкуренти на Kawasaki во борбата за титулата. Но оваа година, BMW го има новиот M 1000 RR а за Honda ова ќе биде втора сезона како целосно фабрички тим. Затоа очекуваме шампионатот да биде уште поинтересен во споредба со минатата година.

Реа и Ловс веќе имаа неколку можности за тестирање, пред се во ноември и март на патеките во Портимао и Херез.

Kawasaki го подобри моторот како и аеродинамичните додатоци на предниот дел.

Сезоната 2021 од WorldSBK шампионатот ќе почне на патеката во Арагон во Мај откако трката која се вози на Филип Ајленд и каде традиционално почнува сезоната, поради пандемијата е одложена за крајот на годината.

Возачите ќе можат да видат каква е нивната форма за време на дво-дневниот официјален тест кој ќе се оддржи на патеката во Барселона.

Back To Top