WSBK

Пеколна борба на старо новите ривали во првиот викенд во WSBK

Како црвено, сино, зелени поинтери на екранот, се менуваа најдобрите тројца во првиот викенд, со што и официјално започна новата сезона во WSBK.

На двајцата главни протагонисти од минатата сезона, шампионот Toprak Razgatlıoğlu на Yamaha YZF-R1 и вицешампионот Jonathan Rea возејќи Kawasaki Ninja ZX-10RR, им се приклучи и стариот познаник Alvaro Bautista возејќи овој пат Ducati Panigale V4 R по 2 сезони поминати на Honda CBR1000RR-R, која сепак не беше на нивото на најдобрите. Воедно Alvaro го замени третиот мускетар Scott Redding кој мака мачеше со новиот мотор на BMW M1000RR.

Уште од стартот на првата трка веќе се насетува текот на оваа сезона. На првата позиција се наоѓаше Турчинот, по што следеше Шпанецот, и првиот ред го заокружуваше Британецот! Веднаш започна измената на водство меѓу Rea и Toprak, следени од Bautista и неговиот тимски колега Michael Ruben Rinaldi кој некако успеваше да држи приклучок донекаде, без можност да се вмеша во борбата за подиум. Немаше многу штедење во дуелите, и тука видовме еден нов Rea кој влегуваше во дуелите онака како што влегуваше Toprak минатата сезона. Агресивно и цврсто. И ако на почетокот Турчинот успеваше да се вклучува во борбата за победа, по 6-7 круга се виде дека Alvaro и Johny се за нијанса побрзи и продолжија да се менуваат на првата позиција. Во еден момент излегувајќи на правецот од последниот свиок моторот на Alvaro силно го протресе, како да сакаше да го освести и да го врати во 2019-та кога заради многуте падови ја изгуби можноста да се закити со титула и покрај фантастичната сезона во првиот дел. Скоро и да немаше круг да се изменуваат овие двајца на врвот. Препорачуваме да ја погледнете трката ако сте ја пропуштиле!

На крајот од првата трка видовме уште едно претекнување од страна на Шпанецот пред конечниот реванш на Британецот кој ја однесе првата победа. Rea, Bautista, Raz.

Суперпол или скратената трка од 10 круга, која традиционално се одвива пред втората трка во недела, понуди возбудување како и секогаш заради помалото време за освојување позиции и исправање на евентуални грешки. Адреналин до “даска”! Повторно истите тројца напред, и повторно Rea и Bautista му избегаа на Toprak. Но Турчинот не уживаше на третата позиција. Му се приклу набрзо и Rinaldi по што следеше една возбудлива борба на промена на позиции меѓу двајцата возачи кои истата забава ја поминаа и во пониските класи на светското првенство во супер бајк! На крај сепак актуелниот шампион заврши на последното скалило зад Rea на втората позиција и Bautista како победник.

Втората трка продолжи каде што заврши првата. Буквално во првиот свиок влегоа по истиот редослед. Сега следени поблиску од Rinaldi кој го претекна Турчинот по првиот круг по што се приклучи на борбата за врвот. Борбата ја сфатил малку буквално затоа што за малку ќе го срушеше Rea на крајот од правецот во вториот круг. Rea изгуби 2 позиции и се најде зад Toprak со што заедно се одалечија од лидерот. Овој бафер беше доволен за Шпанецот да не го испушти водството до крај на трката. Redding на половина трка се повлече во боксот заради технички проблем со неговиот мотор со што продолжи очајниот викенд.

На крајот од трката поредокот изгледаше вака: Bautista, Rea, Razgatlıoğlu.

Се чини дека во моментов битката ја водат Bautista и Rea додека Toprak го нема баш вистинското оружје во негови раце. Иако собра 3 подиуми во трите трки на патеката која генерално не и одговара на Yamaha, шампионот сепак не беше задоволен. По трката неговиот тим откри дека Турчинот се решил да ја користи стариот електронски менаџмент на моторот и покрај тоа што новиот имал голем потенцијал. Имено, не е секогаш новото подобро, особено ако значи губење на самодоверба кај возачот. Прашајте го Pecco Bagnaia на темава...

Дури се оди и до таму да се размислува за враќање комплетно на стариот мотор за следната трка во Assen! 

За разлика од него Bautista е препороден со враќањето на моторот на Ducati и засега е лидер во поредокот.

Додека го чекаме следниот тркачки викенд да се потсетиме како изгледаа најдобрите моменти од Aragon.

Би можело да ве интересира

Со воведување на CE 04, електричниот макси скутер, на почетокот на оваа година BMW јасно стави до знаење дека во блиска идиниа може да очекуваме многу повеќе од германците во овој сегмент. 

Почитувани љубители на мотоциклистичката култура,

Со особена чест Ве покануваме да бидете дел од првата манифестација CRUISE CULT – The Art of the motorcycle 2022, која ќе се оддржи во сабота 25.06.2022 год., во период од 12.00 ч. – 17.00 ч. во Парк на Франкофонија - Скопје.

Трките беа далеку од досадни и неинтересни во трите класи, во кои жештината и конфигурација на патеката, прописно ги истоштија натреварувачите.

Кој каде ќе оди во следната сезона на MotoGP, и зошто. 

Иако викендов во Мизано ја видовме првата победа на актуелниот шампион, сепак титулата е далеку од одбранета.

Од оваа недела CFMoto станува достапен на три нови локации во државата. 

Листа на мото настани

Чопер клуб го најави Run to the Sun 2022.

  • 24 Јуни 2022 - 25 Јуни 2022
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

Ноќни Волци Балкан: Интернационален мото собир.

  • 09 Јули 2022 - 09 Јули 2022

Најава за мото собирот на МК ЏИНКА Радовиш кој ќе се оддржи на 29/30/31 јули 2022 година. Повеќе детали наскоро.

  • 29 Јули 2022 - 31 Јули 2022
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

Дводневен мото фестивал во организација на МК Тиквеш Рајдерс од Кавадарци.

  • 17 Јуни 2022 - 18 Јуни 2022
  • 12 Другари
  • Ваташа, Кавадарци

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.