WSBK

WSBK: Судир помеѓу Rea и Razgatlıoğlu во Assen!

По судирот во втората трка, се чини дека се наруши привидната хармонија меѓу главните ривали во WSBK!

Да се послужиме со најстарата поговорка “додека двајца се караат третиот користи” како објаснување за викендот во кој уште еднаш присуствуваме на одлична претстава за публиката. Среќата и спретноста му беа наклонети на Alvaro Bautista за да го избегне судирот кој се одвиваше пред него и да ги остави Турчинот и Британецот да продолжат сами надвор од патеката. Она што го очекувавме минатата сезона, по неверојантите дуели меѓу двајцата најдобри во шампионатот, се случи сега. Но ако лани борбата им беше олеснсета заради непостојаноста на Redding и Ducati, оваа сезона го немаат тој луксуз. Шпанецот веќе не ги прави грешките од минатото и секогаш е во борба со овие двајца.

Инаку првата трка се одвиваше по веќе добро познатото сценарио и веќе единствено што е извесно е дека Bautista, Rea и Toprak ќе се борат за победа во секоја трка ако не ги спречи механички проблем или излетување.

По многуте промени на врвот сепак се одвоија за нијанса Rea и Bautista од актуелниот шампион и поминаа низ целта со десетинка разлика. Победи 6-кратниот шампион на кој ова му беше воедно и рекордна 99-та победа со Kawasaki! На Toprak му избега повторно првата победа за сезонава, кој заврши на секунда од победничкото дуо. Одличен беше и неговиот тимски колега младиот Andrea Locatelli кој од далеку ја следеш борбата на врвот, осамен на четвртото место.

По нив одлична трка извозе почетникот во класата, но сепак возач со искуство од MotoGP, Iker Lecuona кој ја донесе Honda до петтата позиција што е воедно нивни најдобар резултат во оваа сезона. Зад него заврши и најдобриот приватен тим, а воедно и возач на BMW Loris Baz.

Можеме да забележиме и враќање на патеките на повредениот Michael Van Der Mark кој го прескокна првиот тркачки викенд, а паузираше и на тестирањата, па не чуди што заврши 13-ти, како и подобриот настап на неговиот тимски колега Scott Reding кој дојде до 9-тата позиција. 

03653 DCP R12 Action

Superpole трката во траење од 9 круга понуди иста слика, со рекордно минимални разлики помеѓу првите тројца, но не и заради нивниот поредок. Постојани измени на водечките позиции и ‘’дишење во врат’’. Просто е неверојатно колку искуство и техника е потребна за да се претркуваат истите тројца возачи од трка во трка. Низ целта на крајот прв помина Rea пред Toprak и Bautista со заостанување од 2 односно 3 десетинки! Со ова Британецот ја заокружи 100-тата победа за зелениот тим што претставува подвиг за почитување и носи уште поголема психолошка предност.

Втората трка за кој пишувавме погоре заврши со уште една победа на искусниот Alvaro кој некако успеа да се протне меѓу ривалите кои се тркала пред него во обид да го завземат истото парче асфалт во исто време. Невозможно. 

Секако на ова претходеа ланските остри дуели во кои и двајцата успеаа да се задржат на моторите, пред се благодарение на поискусниот Rea кој често пати знаеше да се повлече пред налетите на Турчинот. Секако дека помладиот предизвикувач немаше што да изгуби и одеше на се или ништо, но оваа сезона Британецот реши да не се повлекува во дуелите. Главната причина за овој судир беше касното сопирање на Toprak, нешто што е негов заштитен знак и навистина задоволство да се гледа умешноста со која се одржува на предното тркало, но во последно време тоа го прави заради неможноста да ја следи брзината на другите двајца. Ризикот за грешка се зголемува и ова е последицата. Касното сопирање го исфрли длабоко во свиокот и надвор од идеалната траекторија, по што следуваше неспретното враќање на тркачката линија на која веќе беше поставен Rea. Секако дека и двајцата имаат своја верзија за тоа кој е крив, но погледнете и самите и извлечете заклучок.

А кој ќари? Покрај снаодливиот победник, пред Италијанот Locatelli, а првиот подиум го заработи и Lekuona кој повторно извозе одлично и заврши како трет. Lowes конечно заврши повисоко на четвртото место пред Redding и Bassani кој беше казнет. Уште едно Ducati заврши во првите 10 благодарение на Rinaldi, но сите аплаузи беа наменети за домашниот возач Van Der Mark кој куцајќи на една нога стигна до 8-то место, но она што е најважно, машки ги извозе трите трки.

Следната рунда е за скоро месец дена во Есторил Португалија, на која ќе видиме дали ќе се оладат вжештените глави, или ќе има нови уште пожестоки дуели меѓу лутите ривали Toprak и Rea. Alvaro веројатно би бил посреќен со второто.

Би можело да ве интересира

Со воведување на CE 04, електричниот макси скутер, на почетокот на оваа година BMW јасно стави до знаење дека во блиска идиниа може да очекуваме многу повеќе од германците во овој сегмент. 

Почитувани љубители на мотоциклистичката култура,

Со особена чест Ве покануваме да бидете дел од првата манифестација CRUISE CULT – The Art of the motorcycle 2022, која ќе се оддржи во сабота 25.06.2022 год., во период од 12.00 ч. – 17.00 ч. во Парк на Франкофонија - Скопје.

Трките беа далеку од досадни и неинтересни во трите класи, во кои жештината и конфигурација на патеката, прописно ги истоштија натреварувачите.

Кој каде ќе оди во следната сезона на MotoGP, и зошто. 

Иако викендов во Мизано ја видовме првата победа на актуелниот шампион, сепак титулата е далеку од одбранета.

Од оваа недела CFMoto станува достапен на три нови локации во државата. 

Листа на мото настани

Чопер клуб го најави Run to the Sun 2022.

  • 24 Јуни 2022 - 25 Јуни 2022
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

Ноќни Волци Балкан: Интернационален мото собир.

  • 09 Јули 2022 - 09 Јули 2022

Најава за мото собирот на МК ЏИНКА Радовиш кој ќе се оддржи на 29/30/31 јули 2022 година. Повеќе детали наскоро.

  • 29 Јули 2022 - 31 Јули 2022
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

Дводневен мото фестивал во организација на МК Тиквеш Рајдерс од Кавадарци.

  • 17 Јуни 2022 - 18 Јуни 2022
  • 12 Другари
  • Ваташа, Кавадарци

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.