WSBK

Уште 2 недели до првата WSBK трка!

Да ги погледнеме презентациите на тимовите, и да ги прегледаме новостите пред почеток на новата сезона во WSBK.

test wsbk barcelona

Најавите за новата сезона во WSBK некако поминува во сенка на возбудливата сезона во MotoGP, но немојте да помислите дека не се случува ништо интересно. Покрај неколкуте измени на возачи во тимовите на WSBK, радикални измени претрпе класата Super Sport, по што се овозможи приклучување на нови тимови и поголема конкурентност. Одиме по ред.

Jonathan Rea и Alex Lowes остануваат со Kawasaki

Kawasaki Racing Team останува со старата возачка постава која се состои од вицешампионот и 6 кратен шампион Jonathan Rea и неговиот сонародник Британецот Alex Lowes. Трета година по ред за овој пар, што значи и дополнителна стабилност и надеж за враќање на титулата кај зелените. Додека Alex како и неговиот близнак брат Sam во Moto2, ќе ја бара конзистентноста за подобри резултати, за Rea има само една цел, а тоа е враќање на титулата во конкуранција на возачи. По тесната борба кој ја имаше минатата сезона против Турчинот Toprak, сега со искуство во дуелите и нешто помал притисок, влегува одморен и мотивиран во новата сезона. Немојте да се лажете дека нема воља да се бори против актуелниот шампион, затоа што можеби една титула и може да се освои скоро случајно со малку среќа, но 6 титули по ред?! Ситните доработки на моторите треба да бидат надополнети со помал број на падови од страна на поранешниот шампион, нешто што беше потполно нетипично за него. Тоа е притисокот кој го немаше баш почуствувано одамна Британецот. Затоа се враќа на бројот 65 со која ќе настапува сезонава. На досегашните тестирања покажа дека не изгубил од острината и од брзината, што е гаранција за уште една интересна сезона. Прашањето е дали имаме време да ги следиме сите случувања во викендите што следат ☺?

Yamaha не го менува победничкиот тим

Pata Yamaha team-от ја презентираше својата возачка постава предводена од бројот 1, шампионот Toprak Razgatlioglu и неговиот тимски колега од минатата сезона Andrea Locatelli. Италијанот по својата дебитантска сезона во класата SSP, во која доминираше и ја освои титулата во прв обид, го учеше новиот мотор мината сезона и не можеше да се носи со темпото на најдобрите, па четвртото место зад Rea, Toprak и Scott е за поздравување. Тешко дека можеше подобро. Го има најдобриот репер со кој може да ги споредува податоците и да учи, па можеме да очекуваме уште повисоки резултати. А што да се очекува од поранешниот каскадер Toprak? Продолжување на шампионскио низ и уште поголема самодоверба. Тоа би бил логичен тек на настаните. Темпото може само да го поремети некоја привлечна понуда од MotoGP, особено по повредата на Marc Marquez, со што се отвараат нови комбинаторики кои можеби ќе му отворат врата во фабричкиот тим на Yamaha на местото на Fabio Quartararo кој е сè понезадоволен. Како и да е, Турчинот делува порастеретено и поопуштено, па по оние акробации со сопирање на, кои му се заштитен знак на презентацијата стоеше на моторот, на раце!

Bautista на Ducati

Ducati со тимот Aruba.it Racing повторно атакува на титулата, сега со старо новиот возач Alvaro Bautista и минатогодишниот возач Michael Ruben Rinaldi кој имаше незаборавен викенд на патеката Marco Simoncelli каде ги зема сите 3 победи во 2021. Стабилноста е потребна за Италијанот да биде почесто на подиумот и тоа нешто што се бара од него. Брзината не му недостасува. Кога станува збор за поранешниот возач во MotoGP, неговата цел е јасна, а тоа е шампионска титула како искупување за претходната заедничка сезона со Италијаните, кога по фантастичниот старт, еден од најдобрите на сите времиња во историјата на WSBK, беше прекинат договорот заради....премногу латински темперамент на едно место? Било што било, и двете страни решија да си пружат втора шанса, веројатно последна за Шпанецот кој влегува во сезонава како 37 годишен.

Iker Lecuona и Xavi Vierge на CBR1000RR-R Fireblade

Team HRC влегува во новата сезона со унапредениот CBR1000RR-R Fireblade, но и со сосема нова возачка постава составена од бивши возачи на MotoGP, односно Iker Lecuona од KTM Xavi Vierge од Moto2. Сосема нови во овој шампионат, но доволно искусни, а сепак млади за створање на еден стабилен тим. Немаме никакви очекувања од парот, но познавајќи им ја историјата, би можеле да видиме интересни резултати, особено од Lecuona, кој таман почна да го покажува својот потенцијал при крајот на минатата сезона.

Scott Reding на BMW M 1000 RR

Уште еден поранешен MotoGP возач, шампион во Moto2 и шампион во Британскиот Super Bike, Scott Reding овој пат ќе настапува на M 1000 RR за фабричкиот тим на BMW Motorrad WorldSBK Team. Сигурно лукративен договор кој ќе му обезбеди посветла иднина на Британецот, но дали и долго очекувана титула? Тоа е прашањето на кое во моментов не му знаеме одговор, но најавите од страна на Scott, не се воопшто оптимистични. Да, тој најавува борба гради во гради со најдобрите исто како лани, но не возел реден четирицилндраш од неговите Moto2 денови. Адаптацијата му оди потешко од очекуваното, а и досегашните резултати на германскиот тим не влеваат премногу надеж. Тоа што неговиот виско ценет колега кој направи сличен трансфер од конкурентната Yamaha минатата сезона, Холанѓанецот Michael van der Mark си ја скрши ногата мината недела нема да му е од помош ниту нему, ниѕу на тимот. Негова замена ќе биде Украинецот Ilya Mikhalchik кој настапува во германскиот куп токму со мотор на BMW ос 2018-та година и ужива голема доверба кај неговите работодавци.

Тоа е големата петорка со нивните фабрички тимови и возачи, но секако вреди да се споменат сателитските тимови како и нивните возачи како на пример Loris Baz кој лани како замена извозе одлични трки, и ќе настапува покрај Eugene Laverty во BONOVO ACTION BMW тимот. Тука е и сериозната возачка постава на сателитскиот тим на GRT Yamaha, Јапонецот Kohta Nozane и Американецот Garrett Gerloff кои со сигурност можат да украдат по некој подиум. За освојување на високи позиции би ги додале и Axel Bassani кој дури може да се надева и на промовирање во фабричкиот тим ако киксне некој од колегите. Останатите засега не покажале некој потенцијал, но сето тоа може да се промени ако се посложат коцките во дадени услови.

Класата SSP со најголема измена на правилата во историјата

Измените кај пониската класа се интересни и покажуваат со колкава грижа се пристапува кон овој шампионат, заради желбата за поголема конкурентност и вклучување на нови тимови и производители. Заради фактот што и овие мотори се базираат на хомологирани фабрички мотори, кои се во суштина прилично различни и по бројот на цилиндри, и по нивната зафатнина и конфигурација, како и по моќноста, оваа сезона организаторите се потрудија дополнително да се израмнат во перформанси. По доминацијата на јапонските 4 “цилиндраши” од 600 “кубика” време е да им се приклучат и останатите производители на исто ниво. Да ги разгледаме кои се новите мотори и со какви лимити ќе настапуваат.

  • Овие промени му овозможија на Ducati да се врати во класата со новиот Panigale V2 со дури 7 мотори! Зафатнината од 955cm³ и 155KS оддава стравопочит кај конкурентите, па затоа е поставен лимитот на вртежи на моторот на 11.000 вртежи во минута. Покрај поискусните возачи Federico Caricasulo и Rafael de Rosa, годинава за Италијаните ќе настапува и Nicolo Bulega кој како огромен талент не успеа да се снајде најдобро ниту во Moto3 ниту во Moto2. Ќе видиме дали физичките предиспозиции му биле пречка и дали сега конечно со помоќен мотор ќе постигне повеќе успех. 
  • Triumph е следен со Street Triple кој носи иста база како и моторот со кој се настапува во Moto2. Тројниот реден мотор од 765cm³ ќе биде лимитиран до 14.000 вртежи во минута, а ќе го скротуваат Hannes Sommer и поранешниот возач во Moto2 Stefano Manzi. 
  • Yamaha продолжува со проверениот YZF-R6 во добро познатото клише – коњот што победува не се менува. Иако со најмала зафатнина, лимитот е на повисоки 16.400 вртежи, а и не смее да се занемари огомното искуство кое го имаат токму со овој мотор како и фактот што се работи за доста подвижен мотор, лесен за маневрирање. Тука се и ланскиот шампион Dominique Aegerter, како и староседелецот и поранешен Moto3-Moto2 возач Jules Cluzel и симпатичниот Lorenzo Baldassarri кој ќе си ја бара повторно одличната форма која ја покажа во 2019-та во Moto2.
  • Следни се Kawasaki кои ќе се обидат да се вратат на тронот со нивната ZX-6R попозната како Ninja, која има мотор од 636cm³ лимитиран на 16.000 вртежи. Славата од деновите на петкратниот шампион Kenan Sofuoğlu ќе ја бркаат со неговиот пулен Can Öncü кој ќе партнерува со далеку повозрасниот Jack Kennedy како и многуте почетници кои доаѓаат од пониските класи.
  • Последен кој го прикажуваме е легендарниот производител MV Agusta кој ќе настапи со моторот F3. Иако со намалени вртежи (14.000) во однос на минатата сезона (15.500) сепак покажа одлични времиња на тестирања што му ја врати насмевката на нивниот најдобар возач Niki Tuuli кој се надева на добри резултати, конечно. 

Aragon е местото каде ќе стартува новата сезона, а воедно и местото каде за последен пат, пред стартот на сезоната, ќе се тестира следната недела. Последна можност за прилагодување на моторите и уигрување на возачите со истите. Подгответе се за уште многу интересни трки во новата сезона на WSBK!

Би можело да ве интересира

Со воведување на CE 04, електричниот макси скутер, на почетокот на оваа година BMW јасно стави до знаење дека во блиска идиниа може да очекуваме многу повеќе од германците во овој сегмент. 

Почитувани љубители на мотоциклистичката култура,

Со особена чест Ве покануваме да бидете дел од првата манифестација CRUISE CULT – The Art of the motorcycle 2022, која ќе се оддржи во сабота 25.06.2022 год., во период од 12.00 ч. – 17.00 ч. во Парк на Франкофонија - Скопје.

Трките беа далеку од досадни и неинтересни во трите класи, во кои жештината и конфигурација на патеката, прописно ги истоштија натреварувачите.

Кој каде ќе оди во следната сезона на MotoGP, и зошто. 

Иако викендов во Мизано ја видовме првата победа на актуелниот шампион, сепак титулата е далеку од одбранета.

Од оваа недела CFMoto станува достапен на три нови локации во државата. 

Листа на мото настани

Чопер клуб го најави Run to the Sun 2022.

  • 24 Јуни 2022 - 25 Јуни 2022
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

Ноќни Волци Балкан: Интернационален мото собир.

  • 09 Јули 2022 - 09 Јули 2022

Најава за мото собирот на МК ЏИНКА Радовиш кој ќе се оддржи на 29/30/31 јули 2022 година. Повеќе детали наскоро.

  • 29 Јули 2022 - 31 Јули 2022
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

Дводневен мото фестивал во организација на МК Тиквеш Рајдерс од Кавадарци.

  • 17 Јуни 2022 - 18 Јуни 2022
  • 12 Другари
  • Ваташа, Кавадарци

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.