WSBK

Објавен календарот за Супербајк шампионатот за 2017 година - Се враќа Портимао, а ги нема Херез и Сепанг

Објавен е првичниот календар за сезоната 2017 во Супербајк шампионатот. За разлика од календарот во MotoGP кој остана непроменет, во Супербајк серијата има неколку промени.

Следете нè на:

 

Објавен е првичниот календар за сезоната 2017 во Супербајк шампионатот. За разлика од календарот во MotoGP кој остана непроменет, во Супербајк серијата има неколку промени.

Светскиот Супербајк шампионат ќе има 13 трки, исто како и во 2016 година, поделени на три континенти. Сепанг и Херез се отстранети од календарот, а се враќа трката во Портимао.

Во WSBK календарот исто така има додадена и уште една класа. Како што претходно веќе беше најавено, новата World Supersport 300 класа беше додадена како евтина, влезна серија, каде што младите возачи ќе се натпреваруваат со едно цилиндрични или дво цилиндрични мотоцикли.

wsbk misano 2012

Сезоната како и секогаш ќе почне на Филип Ајленд на 28ми февруари, една недела после финалниот претсезонски тест и десет дена по тестот во MotoGP кој ќе се оддржи на истата патека. Од таму, WSBK серијата ќе се пресели на Тајланд, а потоа заминува за Европа.

Трките во Европа ќе го задржат карактеристичниот распоред: Арагон, Асен, Имола, Донингтон Парк и Масано, а потоа возачите се префрлаат преку Атлантикот на трката во Лагуна Сека која е последна трка пред летната пауза.

Паузата, за разлика од минатата година е далеку пократка, односно нешто помалку од еден месец помеѓу трките во Лагуна Сека и Лаустцринг во Германија. После тоа, возачите имаат уште една пауза од речиси еден месец пред да се оддржи трката во Портимао, Португалија.

Од таму патуваат за Франција на патеката во Мањикур пред да се оддржат последните две трки од шампионатот. Последната трка се оддржи во Катар, привилегија за која тие плаќаат голема цена. Покрај тоа, трката во Катар ќе се оддржи во Сабота наместо во Недела за подобро да одговара на локалните обичаи.

Се уште не се знае која ќе биде претпоследната трка од шампионатот, а постојат гласини дека можно е да се врати на календарот трката во Брно.

Од Dorna внимателно го направија распоредот за ниту една трка да не се совпадне со трка од MotoGP шампионатот. Единствена која се совпаѓа е дванаесетата трка, која засега се уште не се знае каде ќе се оддржи. Но, бидејќи таа ќе се поклопи со трката која се оддржува во Јапонија и која се вози рано наутро, не би требало да претставува никаков проблем.

Меѓутоа поголем проблем за WSBK е фактот дека ќе се судри со својот директен ривал, Британската Супербајк серија. Трките во двете серии дури седум пати ќе се возат во ист викенд: Арагон WSBK против Донингтон BSB  и Асен против Оултон Парк, Мисано против Нокхил, Лаусицринг против Кадвел Парк, Портимао против Оултон Парк и Мањикур против Асен.

Во поголем дел, трките ќе се оддржат во различни временски периоди. Исто така, тие седум пати се совпаѓаат и со терминот кога се вози Формула 1, и повторно, поради различниот распоред на возење, не би требало да има директен судир.

Подолу можете да го видите распоредот.

Датум Земја Патека WSBK WSS 300 STK
Февруари 24-26 Австралија Phillip Island X X    
Март 10-12  Тајланд Chang International X X    
Март 31 – Април 2 Шпанија Aragon X X X X
Април 28-30 Холандија Assen X X X X
Мај 12-14 Италија Imola X X X X
Мај 26-28 Англија Donington Park X X X X
Јуни 16-18 Италија Misano X X X X
Јули 7-9 САД* Laguna Seca X      
Август 18-20 Германија Lausitzring X X X X
15-17 Септември Португалија Portimao X X X X
Септември 29 – Октомври 1 Франција Magny-Cours X X X X
Октомври 13-15 / /     X X
Ноември 2-4 Катар** Losail X X    
*Во зависност од договорот
** Подлежно на промена – Рундата се одржува четврток - сабота

Би можело да ве интересира

„Ќе биде подобро за сите, секако тука е и Moto2 серијата, доколку го имаат овој нов стил на возење - Moto2 се доближи еден чекор поблиску до MotoGP  со новиот 765cc Triumph мотор“

„Коментарот кој го даде Алберто Пуиг предизвика реакција кај неговиот поранешен MotoGP возач Дани Педроса“

„Сега откако си замина најлесниот возач во серијата, првиот човек на Ducati Џиџи Дал’Игна смета дека би било фер за сите доколку има минимална тежина“

„Дали возиме или одиме во вселената?“

Се чини дека постојано има некакви најави и новини во однос на иднината на Ducati, особено со неодлучноста на  Volkswagen AG дали сака да ја задржи компанијата или пак планира да ја продаде.

Аргентинската Гран При трка ќе остане на патеката „Termas de Rio Hondo“, која се наоѓа на северот на државата, уште најмалку три години откако беше продолжен договорот со првите луѓе на MotoGP. Ваквата одлука беше соопштена на прес конференцијата која се случи во Буенос Аирес на почетокот на неделата.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.