Алваро Баутиста имаше беспрекорна трка и победи во неговиот прв настап во WSBK со новиот Ducati V4 R.

Алваро Баутиста имаше беспрекорен деби настап во новиот тим и со неговиот Aruba.it Racing Ducati V4 R стигна до победа со разлика од речиси 15 секунди пред актуелниот шампион, Џонатан Реа.

Поранешниот MotoGP возач го презеде водството уште во првиот круг откако го претекна Реа и веќе во првата половина од трката направи поголема предност.

Со удобна разлика од 15 секунди, Шпанецот лесно стигна до победа и стана првиот возач кој победил на својата деби трка во Супербајк шампионатот по Макс Бијаџи во 2007 година.

Bautista WSBK Txt 25 02

На почетокот на трката Реа се бореше со својот тимски колега, Леон Камиер кој излета во тринаесетиот круг. Потоа тој имаше лесна трка и на крајот заврши на второто место.

Марко Меландри и Алекс Ловс имаа жестока битка во последниот круг за тоа кој ќе го освои последното место на подиумот. На крајот, возачот на GRT Yamaha на својот тим му го донесе третото место.

Ловс заврши на четвртата позиција а неговиот колега од Pata Yamaha, Михаел ван дер Марк го обезбеди петото место со предност од три секунди пред Торпак Разгатлиоглу (Puccetti Kawasaki) и Том Сајкс (BMW).

Сандро Кортезе, за кого ова исто така беше деби трка во WSBK го освои осмото место и на крајот заврши пред Михаел Рубен Риналди. Чез Дејвис, кој настапи со фабричкиот мотоцикл на Ducati ги заокружи првите десет позиции.

Жорди Торес го освои солидното единаесето место со неговиот Pedercini Kawasaki и на крајот се најде пред Јуџин Лаверти(Go Eleven Ducati), Маркус Рајтенбергер(BMW) и возачот на Orelac VerdNatura Kawasaki, Леандро Меркадо.

На средина на трката, Хаслам излета надвор од патеката при обид да го стигне Баутиста.  Шампионот на Британската Супербајк серија во сезоната 2018 успеа да се врати на патеката и на крајот се најде на петнаесетата позиција.

Honda имаа тежок старт на сезоната. Риучи Кијонари заврши на шеснаесетата позиција а седумнаесети беше Алесандро Делбанко. Трката предвреме заврши за Леон Камиер.

Back To Top