WSBK

Pata Yamaha WSBK самоуверени по настапот на Филип Ајленд

Патеката на Филип Ајленд беше првиот вистински тест за возачите од WSBK серијата.

Следете нè на:

 

Иако првите неколку трки од сезоната се вистински предизвик, тимот на Pata ја напуштија Австралија полн со самодоверба и со солиден број на поени откако и двајцата нивни членови завршија меѓу најдобрите пет возачи.

Во моментов, во Австралија завршува летниот период а тоа значи доста високи температури. Но, тоа не е секогаш така на Филип Ајленд. Ветерот кој доаѓа од океанот има големо влијание врз условите за возење а тоа пак влијае врз изборот на пневматиците.

Алекс Ловс имаше тежок старт на викендот откако при брзина од 250км/ч излета надвор од патеката. Британецот успеа да се врати и покажа конзистентност низ текот на целиот викенд. Двете четврти места и една петта позиција значеше и освојување на пристоен број на поени.

„Навистина е добро што повторно почнаа трките. Механичарите завршија одлична работа со мотоциклот и имав подобра брзина отколку на тестовите. Штета што не успеав да се искачам на подиумот но во секој случај задоволен сум од стартот на сезоната“ , изјави Ловс.

Pata Yamaha WSBK Txt 1 08 03

Михаел ван дер Марк одигра повеќе тактички и се обидуваше да ги сочува пневматиците за да притисне кон средината на првата трка. Стратегијата на крајот не се покажа толку успешна и кон крајот на трката Холанѓанецот веќе ја немаше потребната брзина. На втората трка, ван дер Марк одлучи да ги сочува пневматиците се до самиот крај.  Конзистентниот настап во текот на сите трки го донесоа Михаел меѓу петте најдобри возачи.

„Задоволен сум од петото место со оглед на проблемите кои ги имав со пневматиците во текот на целиот викенд. Имавме мали проблеми а трката беше навистина тешка. Но и покрај тоа успеавме да освоиме поени,“ изјави ван дер Марк.

Pata Yamaha WSBK Txt 21 08 03

Трката која се оддржа на Филип Ајленд преставува и старт на партнерството меѓу Motul и Pata Yamaha. Од Motul беа пресреќни што можеа да ги поканат своите гости да ја следат трката од првите редови.

„Филип Ајленд преставуваше голем предизвик за нас. Некои од предизвиците беа очекувани но некои беа вистинско изненадување. Но она што е најважно е тоа дека успеавме да освоиме важни поени. И благодарам на Pata Yamaha и на возачите за овој успех“, изјави Пол Денинг, главен на тимот.

Интересен податок: Во сите сезони од WSBK серијата досега, вкупно 31-на, конечниот шампион секогаш завршувал на една од првите пет позиции по завршувањето на првата трка од сезоната. Доколку ова продолжи да биде вистина и во иднина, тогаш Михаел ван дер Марк и Алекс Ловс се во навистина добра позиција.

Pata Yamaha WSBK Txt 3 08 03

Би можело да ве интересира

Веќе долги години Suzuki работи напорно од своето седиште во Хамамацу.

„ Во суштина, ние се уште имаме проблеми со тракцијата и со максималната брзина. Ова е главното нешто кое ни недостасува во споредба со останатите “ - Франко Морбидели

Викендов на патеката во Серез, Грција, започнува БМУ Европскиот и Македонскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Стартуваше новата MotoGP сезона. Минатата недела имавме навистина возбудлива трка во Катар. Новата MotoGP трка ни носи и нов Motul Суперфан.

Андреа Довициозо не сака да му посвети големо внимание на резултатот од првите три трки од новата сезона. Од она што можевме да го видиме во Катар, мотоциклите на Ducati беа најбавни во свиоците.

Хорхе Лоренцо верува дека наскоро ќе може да го покаже целосниот потенцијал откако имаше слаб настап за време на дебитанската трка во новиот тим.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.