Алваро Баутиста беше најбрз на слободниот тест кој се оддржа денес.

Алваро Баутиста имаше најдобар резултат на слободниот тест кој се оддржа денес.  Возачот кој ќе го има својот прв настап во боите на Aruba.it Racing Ducati, на крајот на тестот се најде пред двоецот на Kawasaki, Џонатан Реа и Леон Хаслам.

Откако актуелниот шампион Џонатан Реа, се најде на врвот по завршувањето на утринската сесија, Баутиста го забрза темпото кон крајот на вториот тест и заслужено се најде на врвот.

Alvaro Bautista Txt 22 02

Тој ја заврши сесијата со најбрз круг, 1 минута 30.327 секунди и успеа да биде подобар од Реа за само 0.04 секунди. Леон Хаслам, кој на кратко беше лидер, тестот го заврши на третата позиција со време од 1 минута 30.482 секунди.

Возачот на Pata Yamaha, Алекс Ловс, сесијата ја заврши на четвртото место и покрај тоа што на почетокот на тестот накратко излета надвор од патеката.

Леон Камиер продолжува со добриот настап во новиот Moriwaki Althea Honda тим и на крајот на сесијата се најде на петата позиција со заостанување од речиси половина секунда зад резултатот кој го постигна Баутиста. Вториот возач на Pata Yamaha, Михаел ван дер Марк, сесијата ја заврши на шестото место.

Торпак Разгатлиоглу исто така го подобри своето време и на крајот се најде на седмото место а веднаш зад него беше возачот на Barni Ducati, Михаел Рубен Риналди. Марко Меландри(GRT Yamaha) и Том Сајкс (BMW) ги заокружија првите десет места.

Дебитантот Сандро Кортезе беше единаесети и на крајот заврши пред Јуџин Лаверти кој се уште се прилагодува на Go Eleven Ducati.

Возачот на фабричкиот тим на Ducati, Чез Дејвис, заврши на тринаесетата позиција а Леандро Меркадо (Orelac Racing VerdNatura Kawasaki) и Маркус Рајтенбергер (BMW) ги комплетираа првите петнаесет позиции.

Back To Top