Шеста година по ред Џонатан Реа е шампион во WorldSBK серијата

Џонатан Реа повторно е шампион во WSBK серијата и стигна до шестата титула по ред откако Скот Рединг беше приморан да се повлече од првата трка во Есторил, Португалија.

Во пресрет на викендот само Рединг имаше шанси да избие на првото место. За време на Superpole, Реа имаше за него некарактеристично излетување и се најде на петнаесетата позиција. Но и покрај тоа, тој стартуваше пред неговиот главен конкурент кој исто така доживеа несреќа на патеката.

На возачот на Kawasaki му требаа да освои само три поени на една од трите трки за да ја завери титулата. Сепак, сето тоа се смени кога Рединг поради технички проблеми мораше предвреме да го заврши настапот.

Rea txt 2 19 10 2020

Патот до шестата титула на Реа беше навистина специфичен, пред се поради кризата со коронавирусот. Помеѓу првата трка во Австралија и втората во Херез, имаше пет месечна пауза.

Наместо првично планираните 13 настани, оваа година имавме само 8 а Реа имаше и нов конкурент, овој пат тоа беше поранешниот MotoGP возач, Скот Рединг, за кој се веруваше дека ќе му врши притисок до самиот крај на сезоната. На крајот, иако Рединг се соочи со одредени проблеми карактеристични за дебитантите во оваа серија, тој сепак изврши силен притисок врз Реа. Сега се надева дека во текот на зимските месеци ќе се подобри и ќе може да ја нападне првата позиција уште од самиот старт на сезоната 2021.

Но и во тимот на Реа ќе има промени. Kawasaki планира за новата сезона на својот возач да му обезбеди нов мотоцикл, ZX-10R. Ова би можело да му помогне на Реа да биде уште подоминантен но исто така постои и можност, доколку мотоциклот не ги даде посакуваните резултати, работите да тргнат во погрешна насока.

Оваа титула на Реа значи и седма титула за Kawasaki во последните осум WorldSBK шампионати. На првото место е тимот на Ducati кој има 14 титули.

Back To Top