WSBK

Топрак Разгатлиоглу се подготвува за МотоГП

Според зборовите на неговиот менаџер, легендариот Кенан Софуоглу, за Топрак веќе постои интерес од МотоГП тимовите.

Следете нè на:

 

Според зборовите на неговиот менаџер, легендариот Кенан Софуоглу, за Топрак веќе постои интерес од МотоГП тимовите.

Турскиот возач минатата сезона ја забележа првата победа во Супербајк шампионатот и импресионираше со возењето за тимот на Кавасаки, но на крајот од сезоната се разделија откако на младиот возач не му беше дозволено да настапи на трката 8 часа Сузука. Всушност возачот беше дел од тимот, но ја преседе целата трка на „клупата“. За Топрак ова беше сигнал дека не се цени доволно па премина во тимот на Јамаха, со кого оваа сезона победи на првата трка која се возеше на патеката Филип Ајленд во Австралија пред шампионатот да биде прекината заради Корона вирусот.

topra kawa

Софуоглу кој сега е во функција на менаџер на 23 годишниот турски возач, самиот е пет-кратен суперспорт шампион, откри дека неговиот пулен можел уште оваа сезона да премине во МотоГП но неговата цел била прво да ја освои титулата во Супербајк шампионатот.

Со оглед на настаните во досегашниот тек од сезоната, Топрак во 2021 би можел да премине во МотоГП доколку добие понуда од фабрички тим. За сега планот е тој да остане во Супербајк шампионатот но како што изјави и неговиот менаџер, доколку Топрак победува во Супербајк и дојде до титулата, нивната агенда ќе се промени и цел ќе биде МотоГП шампионатот.

Самиот Софуоглу (кој воедно е менаџер и на младите Чан и Дениз Ончу) изјави за себе дека немал доволно амбиција и дека нема да дозволи тоа да се повтори со неговите возачи. „Кога возев во Турција мојата желба беше да возам за Суперспорт шампионатот, не да ја освојам титулата во Супербајк, туку само да возам во Суперспорт. Потоа ја освоив титулата пет пати во оваа класа, и не се посветив доволно на тоа да преминам во Мото2 или МотоГП. Се обидов на кратко, не ми се допадна тоа што го видов и едноставно се откажав“. - изјави Кенан Софуоглу. 

„Во секој случај среќен сум со тоа што го постигнав во овој шампионат и што им ја отворив вратата на другите турски возачи“ - дополни тој.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Damon престави две нови верзии на нивниот Hypersport модел. Машините имаат послаби перформанси но и нивната цена е помала.

Ducati престави лимитирана верзија на Diavel 1260 во чест на сестринската компанија, Lamborghini.

Преставена патеката по која ќе се вози релито Дакар 2021. Познатата трка повторно ќе се оддржува во Саудиска Арабија.

Honda повторно влезе во „big-bore“ крузер класата во 2021 со целосно новиот Rebel 1100, верзија на популарниот Rebel 500 која има поголем капацитет.

Данило Петручи вели дека бил многу тажен кога пред стартот на сезоната му било кажано дека нема да му биде продолжен договорот. Но сега, откако потпиша со КТМ, тимот кој изминатава сезона постигна три победи и осум пати се искачи на подиумот, Петручи вели дека е среќен поради таквата одлука на Ducati.

Kawasaki направи значајни промени кај познатиот ZX-10R за сезоната 2021.

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.