Алваро Баутиста ги објаснува причините за преминот во супербајк тимот на HRC.

Алваро Баутиста вели дека чувството дека е важен елемент од овој проект било клучно за преминот во новиот супербајк тим на HRC.Оваа сезона е променлива за Баутиста. Тој победи 14 пати на првите 18 трки од сезоната. Сепак, на последите десет трки тој има постигнато само една победа.

Иако се сметаше за возач кој требаше да му ја донесе првата титула на Ducati во серијата после Карлос Чека во 2011 година, сепак беше одлучено тој да го нашушти тимот а неговото место ќе го преземе поранешниот MotoGP натпреварувач, Скот Рединг.

Иако не сакаше веднаш да открие каде ќе настапува следната сезона, Баутиста вели дека не смеел да ја пропушти можноста да развие нов мотоцикл со тим каков што е HRC.

„Воопшто не беше лесно бидејќи навистина бев среќен во Ducati. Добро ја почнавме сезоната и победив на многу трки. Но сепак на крајот понудата на HRC навистина ме мотивираше бидејќи почнуваме од нула. Затоа се чувствувам дека сум навистина важен дел од овој проект.“

„Тешко е да се каже која ќе ни биде целта за сезоната 2020 но за мене најважно е да имам добри зимски тестови и да бидам подготвен за стартот на новата сезона. Сакам уште од самиот почеток да се борам за победа.“

Bautista txt 26 09

Се до крајот на годината, Баутиста нема да смее да го тестира новиот мотоцикл. Затоа вели дека во моментов е фокусиран на тоа да има добар крај на актуелната сезона.

Откако постигна победа на втората трка во Портимао, Баутиста вели дека сега негова цел е да ја намали разликата од 91 поен која ја има Џонатан Реа. Сепак вели дека тоа ќе биде тешко со оглед на тоа дека никогаш досега не се натпреварувал на патеката во Мањикур.

„Рамото ми е многу подобро отколку на трката во Портимао и мислам дека веднаш ќе се забележи тоа“, вели Баутиста.

„Мислам дека можам да возам но од големо значење ќе биде да поминам што е можно повеќе време на патеката. Мораме да се обидеме да ја намалиме разликата на Џонатан.“

Back To Top