WSBK

Како ќе изгледа еден тркачки викенд на Мотул Светскиот Супербајк шампионат?

Потврдени промените за сезоната 2019.

Следете нè на:

Потврдени промените за сезоната 2019.

Кон крајот на 2018 година SBK комисијата составена од Грегорио Лавила (спортски директор на WorldSBK), Таканао Цубоуши (MSMA), Пол Дупарк (заменик на Резо Булшу и секретар на состанокот), Чарлс Хенекам (FIM CTI координатор), Скот Смарт (технички директор на FIM WorldSBK) и Даниел Карера (извршен директор на WorldSBK) го потврди новиот викенд распоред.

Во 2019 година, во Светскиот Супербајк шампионат ќе имаме промена од четири на три тренинг сесии. Ова значи дека во петок повторно ќе имаме два слободни тренинга. WorldSSP ќе остане ист додека пак WorldSSP300 ќе биде поделен на две групи, а секоја од групите ќе има по две тренинг сесии. Резултатите од сесијата која ќе се оддржи во петок нема да влијаат на квалификациската позиција.

Големи промени имаме во сабота, а „Tissot Superpole“ отсега ќе стане една квалификациска сесија за сите класи. Конечните резултати од WorldSBK Tissot Superpole ќе го одреди распоредот на возачите за првата саботна трка како и за „Sprint“ трката која ќе се оддржи во недела. Оваа трка во иднина ќе биде позната како „Tissot Superpole“. За „World Supersport 300“ шампионатот, возачите кои нема да се квалификуваат за трката ќе имаат уште една можност да го направат истото. Ќе се оддржи уште една трка наречена „Last Chance“, а возачите кои ќе ги освојат првите шест места, ќе стартуваат од последните шест позиции на трката закажана за во недела.

Во недела ќе имаме вистинско уживање составено од четири трки. Првата трка од SBK ќе биде целосно новата „Sprint Race“ формат трка која ќе се состои од 10 круга. Поените кои ќе ги освојат возачите тука ќе бидат додадени на нивнииот целокупен резултат. Тие ќе бидат по следниов распоред: 12/9/7/6/5/4/3/2/1. Нема да има никакви промени во првата и втората трка, а распределбата на бодови ќе остане непроменета за првите 15 возачи. Оваа распределба ќе биде: 25/20/16/13/11/10/9/8/7/6/5/4/3/2/1.

Втората трка во неделата за WorldSBK ќе биде во традиционалниот формат. Распоредот на патеката ќе биде определен според првите девет позиции на „Tissot Superpole Race“ трката, а од десетото место па натаму ќе биде според позициите од „Tissot Superpole“. Можноста за три трки во различен формат ќе им помогне на тимовите да работа на различна стратегија за секоја од трките во текот на викендот. На фановите ова ќе им донесе поголема возбуда и доживување. А како надополнување на сето ова, викендот ќе заврши со WorldSSP300 трката која секогаш е интересна од самиот старт па се до крајот.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Трката која требаше да се вози на 7-ми јуни на патеката Орман крај Скопје се одложува до следниот викенд, односно 14-ти јуни.

Уште една трка помалку во календарот за 2020, со денешната одлука на Дорна, и трката во Јапонија се откажува во целост.

Со денешната одлука на Дорна откажани се трките во Британија (Силверстоун) и Австралија (Филип Ајленд).

Официјално денеска беше ставен потпис на договор со кој Џек Милер ќе биде еден од возачите за фабричкиот тим на Дукати во 2021 со можност договорот да се продолжи на уште една година.

Според зборовите на неговиот менаџер, легендариот Кенан Софуоглу, за Топрак веќе постои интерес од МотоГП тимовите.

По изјавата на шефот на Петронас тимот, дека Роси е жива легенда но тој не би сакал да дојде во тимот само за да се збогува со МотоГП, „Докторот“ денеска даде свое видување на ситуацијата.

Реклами

Листа на мото настани

  • 12 Јуни 2020 - 14 Јуни 2020
  • 12 Другари
  • Ваташа, Кавадарци

  • 19 Јуни 2020 - 21 Јуни 2020
  • Club house
  • Скопје, Водно

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.