Европскиот огранок на Yamaha и францускиот производител на кациги Shark го објавија нивното партнерство за Европската MT тура која ќе се оддржи оваа година.

Европската MT тура е мото шоу кое има за цел да ја промовира „Темната страна на Јапонија“. Ова е концептот кој го создаде маркетинг тимот на Yamaha.

На турата ќе бидат посетени голем број на Европски градови и ќе бидат прикажани неколку видови на MT машини, меѓу кои и најновите модели на Yamaha, како што се MT-10, новиот MT-03, како и MT-09 кој е опремен со систем за контрола на тракцијата.

yamaha and shark helmets debut 2016 european mt tour partnership 1

И новите возачи ќе можат да ги пробаат машините на Yamaha бидејќи на шоуто ќе бидат прикажани и моделите MT-125, MT-03 како и верзијата на моделот MT-07 со моќност од 35kW

Оваа година на турата ќе се приклучи и Францускиот производител на кациги, Shark. Со повеќе од 50 изложби во преку 10 Европски земји, Европската МТ тура ќе биде навистина интересна.

Неколку кациги од Shark ќе бидат понудени за тестирање со некои од моделите на Yamaha. Меѓу нив е и „Shark Raw“, кој е поврзан со Yamaha MT-09 и „Shark Vancore“, кој ќе оди заедно со моделот MT-125. Исто така ќе биде претставена и „ Skwal“ кацигата која е опремена со LED технологија.

Посетете ја интернет страната на Yamaha доколку сакате да дознаете повеќе за турата и да видите кои градови ќе ги посети. 

yamaha and shark helmets debut 2016 european mt tour partnership 2

Back To Top