Помина извесно време откако Yamaha го претстави на светот нивниот врвен проект „Motobot“. Тој сега зема часови по возење од еден од најдобрите мотоциклисти во историјата, Валентино Роси.

И бидејќи тешко дека Роси би се вклучил во нешто што не е поврзано со мотоспортот, еве едно интересно видео каде што ќе можете да видите како Роси му помага на роботот да стане подобар возач.

Ваквите роботи не се новост, но „Motobot“ претставува една комплетно нова технологија. Yamaha го дизајнираше овој робот да управува на немодификуван мотоцикл, барем што се однесува кога контролите се во прашање.

valentino rossi meets yamaha motobot 4

YZF-R1M ги има држачите и гумите за тренинг, но тие би биле инсталирани на секој друг мотоцикл што „Motobot“ би можел да го вози. Специјални додатоци ги симулираат рацете и нозете на возачот и на тој начин „Motobot“ може да ја притисне гаста, да менува брзини и да ги користи сопирачките како и сите нас.

Yamaha до 2017 година има за цел „Motobot“да вози на патека со брзина од 200 km/h, а во тоа им помага Валентино Роси. Деветкратниот светски шампион тренира со R1M кој е комплетно опремен со сензори. Тој собира податоци кои потоа ќе бидат искористени од инжињерите на Yamaha и ќе бидат имплементирани на роботот.

„Motobot“ самостојно ќе ги носи сите одлуки, а од тимот на Yamaha напорно работат за што е можно побрзо да се отстранат држачите.

Крајната цел можеби ќе ви звучи малку лудо, но Yamaha планира „Motobot“ да се натпреварува против Роси. Без разлика кој би победил на таа трка, тоа ќе претставува комплетно нова ера во светот на мотоциклизмот. Уживајте во видеото.

Back To Top