Додека кај нас воопшто и не се третираат мотоциклистите како учесници во сообраќајот, во Индија властите поставуваат мрежи над семафорите кои треба да им држат сенка на мотоциклистите додека чекаат на црвено светло.

Властите во Индија најдоа евтин и функционален начин како да им помогнат на мотоциклистите да се справат со големите жештини. Во Нагпур, еден од најтоплите градови во Индија, на семафорите се инсталирани мрежи кои се направени од специјален материјал.

Според властите, мрежите ќе ги спречат возачите да поминуваат на црвено светло, се со цел да ја избегнат големата жештина. Минатата година во Нагпур беа измерени температури од 48 целзиусови степени, а оваа година температурата веќе достигнува 40 степени. Покрај големата жештина, исто така има и голема суша. Повеќе од 160 лица загинаа поради екстремните временски услови.

india senla za motordzii 1

Овие мрежи се одлични за возачите бидејќи тие ја немаат заштитата што ја нуди автомобилот. Ова решение може да помогне и во другите земји за време на екстремно високи температури.

Секако, ова е само мало подобрување во однос на метежот кој се создава секојдневно. Со оглед на тоа дека се наближува летото, можеби и не е така лоша идејата да ги погледнете овие совети кои ќе ви помогнат полесно да се справите со топлината додека возите и како да ја спречите дехидрацијата.

Кога зборуваме за дехидрирање, тоа е многу поопасно од топлината бидејќи влијае како на телото така и на умот. Многу е подобро кога имате доволно течности во себе и возите на екстремно топло време отколку обратно. 

Back To Top