Благодарение на инженерите кои вложија голем напор, дури и лицата кои мора да користат инвалидска количка, можат да ја искусат слободата која ја дава возењето мотоцикл.

Поради електричниот мотор, оваа машина е тивка, а бидејќи не испушта штетни гасови, тој ќе може да се вози и во затворен простор. Холандскиот изум доаѓа со две батерии, развива максимална брзина од 25 км/ч (карактеристики за кои во Холандија не е задолжително носењето на заштитна кацига) има автономија од 50км и се продава за цена од 11.000 евра.

SetRatioSize800500 Pendel 151 bewerkt

Благодарение на инженерите кои вложија голем напор, дури и лицата кои мораат да користат инвалидска количка, можат да ја искусат слободата која ја дава возењето мотоцикл.

Се разбира, секое вакво возило има опција за различни надополнување. Некои предложуваат да се стави и кров кој ќе го штити возачот од сонце или дожд. Секако, колку повеќе луѓе ќе го видат овој мотоцикл, толку подобар може да стане идниот дизајн. Но се додека не биде направен совршениот модел, можеме само да им се заблагодариме на сите чија посветеност и амбиција го прават животот подобар за оние кои се помалку среќни. Ние се уште се залагаме секој возач задолжително да носи кацига па дури и лицата кои возат вакви возила, особено доколку се најдат на јавен пат.

Back To Top