Кога станува збор за продажбата на мотоцикли за 2018 година, состојбата во Ducati Motor Holding е истовремено добра и лоша.

Италијанскиот бренд минатата година продаде 53,004 мотоцикли, што претставува намалување за 5 проценти во споредба со 2017 година. Со ова заврши осугодишниот раст кој го имаше брендот. Но, ова е лошата вест.

Добрата работа е што Ducati се искачи на врвот како најдобар супербајк бренд во светот со продадени 9,700 Panigale модели во 2018 година. Ова преставува пораст од 70 проценти во споредба со 2017 година. Ваквата зголемена продажба пред се се должи на новиот Panigale V4 модел.

Од Ducati велат дека од продадените мотоцикли, 6400 промероци биле од линијата Panigale V4, што е навистина импресивна бројка за Италијанската компанија со оглед на цената која ја има овој модел.

Ducati сега држи 26% од супербајк секторот што во превод значи дека еден од четири мотоцикли продадени низ светот е на Ducati. Ова е навистина добра вест за сите кои се дел од компанијата.

Ducati Txt 24 01

Од Ducati велат дека и моделите од Multistrada фамилијата поминале исто така добро. Во 2018 година, беа продадени 11,829 авантуристички модели. Според компанијата, 6,569 од мотоциклите се новата Multistrada 1260.

2018 е четврта година по ред како Ducati продава повеќе од 50 илјади мотоцикли. Но Италијанската компанија не беше имуна на контрадикторните работи кои може да се забележат на пазарот со мотоцикли. Моделите кои имаат зафатнина од 500cc, во 2018 година забележаа намалување на продажбата за 3 проценти.

Ваквото намалување најмногу се забелажа во САД, каде што продажбата е намалена за 9 проценти. Според нашите извори, после неколку години компанијата забележала значителна финансиска загуба на овој пазар.

Домашниот пазар на Ducati, Италија, и понатаму останува добар. Забележан е раст од 4.5 проценти а продадени со 9,200 мотоцикли. Оваа бројка повторно ја прави Италија најголем пазар за продажба на мотоцикли за Ducati.

Пораст на продажбата е забележана и во Шпанија со продадени 2,444 мотоцикли или + 8% . Зголемување е забележано и во Јапонија со 1,941 мотоцикли (+2%), Кина (+ 23%) и Швајцарија со продадени 1276 мотоцикли (+2.2%).

„Се обидуваме да ја развиеме нашата продажна мрежа и да одговориме на предизвиците“, вели Франческо Милициа, директор за продажба во Ducati.„Направивме промена и на Scrambler 800 линијата за 2019 година , која меѓу другите работи ќе има подобра безбедност во форма на ABS сопирачки а исто така ќе бидат преставени и Diavel 1260 и Hypermotard 950. Во Multistrada фамилијата ќе пристигнат 1260 Enduro и 950 S. Ова ќе им овозможи на потрошувачите поголем избор.“

„За крај, го претставивме V4 R, најмоќниот, високо-технолошки супербајк кој ќе ја зголеми компетитивноста во Светскиот Супербајк шамионат. Севкупно, зборуваме за девет нови модели кои ќе ни овозможат со голема самодоверба да чекориме кон иднината.“

Back To Top