Организаторите на релито Дакар објавија дека познатата трка од Јужна Америка ќе се префрли во Саудиска Арабија.

Организаторите на релито Дакар објавија дека познатата трка на издржливост почнувајќи од 2020 година од Јужна Америка ќе се префрли во Саудиска Арабија.

Од следната година, возачите ќе можат да ги тестраат своите способности на непознат и необележан терен, ќе ја постават сцената на која ќе можат да ги покажат нивните возачки способности, невигациски моќи и желбата за предизвик.

joan barreda and the crf450 rally 850x567

Принцот Абдулазиз бин Турки Ал Фаизал Ал Сауд, кој е претседател на Саудискиот комитет за спорт изјави: „Визијата и насоките на нашите лидери ги направија нашите соништа и амбиции неограничени и ја поставија спортската сцена во Саудиска Арабја на неверојатно успешна рута. “

„Денеска со гордост сакаме да ви соопштиме дека релито Дакар за прв пат доаѓа на Блискиот Исток и во Саудиска Арабија. Нашата земја го сака спортот и со ова исполнуваме само дел од визијата 2030, каде што спортот е главниот столб.“

„Со тоа што ќе бидеме домаќини на релито Дакар, ние имаме за цел на возачите да им обезбедиме неверојатно искуство додека ја истражуваат нашата земја. Ова исто така е уникатен спектакл не само за мотоспорт фановите во Саудиска Арабија туку и за сите љубители на мотоспортот ширум светот.“

Повеќе информации ќе бидат објавени на 25-ти април на интернет страната на релито Дакар.

Back To Top