Вести од светот

Кени Робертс: MotoGP никогаш не бил подобар

Кени Робертс зборува за MotoGP сезоната 2019, аеродинамиката, Марк Маркез, недостатокот на возачи кои доаѓаат од САД и уште неколку други работи.

Следете нè на:

 

„Неверојатно. Никогаш досега не било поинтересно. Талентот на возачите, опремата... MotoGP во моментиов е најинтересното шоу во светот.“

Ова го изјави Американската легенда Кени Робертс за време на одржувањето на Гран При трката во Остин, Тексас.

За време на неговата кариера во Премиерната класа (1978-1983) , Робертс освои три титули. Покрај ова, како сопственик на тим, тој ги славеше и титулите на Вејн Хенеси (3 x 500cc) и Џон Коцински (250cc).

Во 1997 година, тимот на Робертс прерасна во конструктор и самиот ги креираше своите KR Гран При машини.

Kenny Roberts Txt 1 23 04

Нивниот 500cc, дво тактен мотоцикл освои пол позиција додека пак моделот кој имаше мотор на Honda освои две места на подиумот и заврши на шестата позиција во сезоната 2006. Сепак, моторот кој дојде подоцна, 800cc RCV не беше толку компетитивен и тимот престана со работа во 2007 година. Но и покрај ова, Робертс вели дека е импресиониран од техничката страна на спортот.

„Многу ми се допаѓа“, изјави Робертс во однос на новата аеродинамична направа која може да се најде на MotoGP мотоциклите.

„Тоа беше пред моето време но и покрај тоа немавме доволно средства за да инвестираме во аеродинамиката.“

„Еден од трите цилиндри беше дизајниран од Lotus и беше многу побрз од другите , но не сакаше никако да запре. Но немавме доволен буџет за да откриеме зошто се случува тоа. Според мое мислење, ние само ја изгребавме површината без да откриеме што има подолу. “

Робертс смета и дека секој од најдобрите шест мотоцикли на патеката може да се адаптира на различен стил на возење.

„Можете да го прилагодите мотоциклот според вашите потреби. Но од она што во мометов го знам, Јапонските компании не би можеле да го користат мојот мотоцикл. Едноставно не би можеле да го возат. “

Дали Робертс, кој е познат по инспирацијата на нов стил на возење, гледа на патеката некој возач кој е сличен на него?

„Не, со опремата која ја имав јас, не би можел да возиш толку брзо. Сепак мислам дека најблиску е Маркез. Добар е во свиоците. И јас пробував да возам така но не бев толку добар.“

Kenny Roberts Txt 2 23 04

Зборувајќи пред пет кратниот шампион предвреме да ја заврши трката во Остин, Робертс изјави: „Мислам дека Маркез самиот ќе си биде најголем ривал. Некој ќе треба сериозно да го предизвика а во моментов не гледам таков возач.“

Иако Маркез доминира на трките уште откако прв пат се појави, најуспешен возач останува Валентино Роси кој има седум титули.

Италијанецот кој го имаше своето деби во класата од 500cc во 2000 година, на последните три трки, два пати се најде на подиумот и во моментов е на втората позиција на табелата.

Дали Кени е изненаден од перформансите на Роси со оглед на тоа дека има 40 години?

„Апсолутно. До сега тој треба удобно да биде сместен во фотеља. Ја отсекогаш мислев дека би сакал да се пензионирам, да седнам на кревет и да го запалам лулето. Но, откако се пензионирав, кога прв пат го направив тоа, си реков колку е тоа само ужасно, “ вели Робертс.

Робертс смета дека една од причините за долготрајната кариера на Роси во споредба со неговата е влијанието кое мотоциклот го направил врз неговото тело.

„Една од предностите на Валентино е што нема постојано повреди. На тоа се должи неговата издржливост и брзина. Неверојатно е како во текот на неговата кариера се адаптираше на различни видови мотоцикли.“

Kenny Roberts Txt 3 23 04

Во текот на изминативе неколку декади, особено во осумдесетите години, Американските возачи играа една од главните улоги на Гран При трките. Денеска нивниот број е значително намален и во моментов само Џо Робертс се натпреварува во Moto2 класата.

„Патот е долг но барем се обидуваат. Долго време не вложуваа во младите возачи“. Вели дека ситуацијата е слична со онаа која владееше во седумдесетите години од минатиот век.

„Пред јас да заминам, никој не сакаше да оди во Европа. Зошто би сакал да одам таму? Зборуваат чудно но и јадат чудни работи. Мислам дека повторно се случува истото.“

Секој возач кој не сака патување ќе има голем проблем да се прилагоди на Гран При трките со оглед на тоа дека календарот содржи рекордни 19 трки а наскоро се очекува нивниот број да се зголеми.

„На возачите денеска им е малку полесно. Заработуваат повеќе и животот им е полесен. Јас морав сам да ги лепам моите чизми и кацига. Денеска е малку полесно.“

Кога зборуваме за опремата, на трката во Остин Alpinestars ја престави специјалната, лимитирана верзија на Кени Робертс чизмите.

„Чизмите со кои возев воопшто не беа тешки. Но и овие чизми кои возачите ги носат денеска се многу удобни. Изгледаат како чизми за урбано возење но се специјално дизајнирани за трки.“

Робертс стигна до 24 победи, 44 места на подиумот , 22 пол позиции и 27 најбрзи кругови на 60 трки од класата 500cc. Неговиот син, Кени Робертс Помладиот во 2000 ја освои титулата со тимот на Suzuki.

Би можело да ве интересира

На 28, 29 и 30 Јуни за првпат на овие простори ќе се одржи женски мото камп во близина на градот Салаш, Република Србија. На него е дозволено да учествуваат само девојки. Односно, оние кои возат мотори и оние кои не возат, а ја делат истата пасија со првите.

Валентино Роси вели дека имал многу проблеми на правите делови за време на одржувањето на Француската Гран При трка а неговиот мотоцикл бил многу послаб во споредба со мотоциклите на неговите ривали.

Џек Милер во Шпанија го испроба доминантниот Ducati Panigale V4 R.

Ducati тестираат замена за 959 Panigale и неговиот v-twin мотор.

„Секој викенд учиме нешто ново. Наскоро ќе бидеме подобри“  - Хорхе Лоренцо

Дали би купиле Кинески скутер од Австриска компанија кој го има знакот на Ducati?

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 11 Мај 2019 - 11 Мај 2019
  • Фабрика Партизанка - Индустриска зона

  • 01 Јуни 2019 - 01 Јуни 2019
  • Голозинци
  • Велес

  • 02 Јуни 2019 - 02 Јуни 2019
  • Дом на млади
  • Штип

  • 07 Јуни 2019 - 08 Јуни 2019
  • Нов Парк
  • Свети Николе

  • 14 Јуни 2019 - 16 Јуни 2019
  • Кавадарци

  • 28 Јуни 2019 - 29 Јуни 2019
  • Gradski Bazen Kumanovo
  • bul.Oktomvriska Revolucija, 1300 Kumanovo

  • 28 Јуни 2019 - 29 Јуни 2019
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

  • 26 Јули 2019 - 28 Јули 2019
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.