Се повеќе се намалува бројот на магазини посветени на мотоциклите.  Последен во низата е Motorcycle Consumer News, кој на почетокот на овој месец и официјано престана да постои.

Магазинот постоеше 50 години и се одликуваше со 100% поддршка од претплатниците и немаше реклами.

msnews

Motorcycle Consumer News, каков што ние го знаеме, се појави во 1991 година но публикацијата потекнува од 1969 година. Тогаш беше позната под името Road Rider.

Списанието обезбедуваше вистински извештаи за мотоциклите и имаше строги упатства до кои мораа да се придржуваат сите вработени. Тоа беше и една од карактеристиките кои го идзвојуваа со споредба со останатите вакви слични магазни.

За жал, списанието имаше тешка трансформација во дигиталниот свет, а моделот на претплата не се покажа како ефективен за денешниот онлајн свет. Тоа значеше намалување на приходите што пак не донесе до овој исход.

Во време кога традиционалните медиуми само пренесуваат соопштенија и велат дека тоа се истражувачки приказни, повеќе од било кога досега, потребно е да се слушне независниот глас на новинарите кои го следат мотоциклизмот.

Back To Top