(Време на читање: 1 - 2 минути)


Yamaha и Öhlins имаат многу заеднички работи. Двете компании настанаа од конкуренцијата и продолжуваат да ја делат посветеноста кон натпреварувањето.

Yamaha и Öhlins имаат многу заеднички работи. Двете компании настанаа од конкуренцијата и продолжуваат да ја делат посветеноста кон натпреварувањето. Секој бренд посебно е признаен како главен иноватор во својата област. Низ текот на годините, тие воспоставија  долга и успешна соработка и ги создадоа најдобрите производи за своите потрошувачи.

ohlins yamaha

Последната соработка меѓу овие две компании ни донесе нови делови за предната вилушка како и амортизери кои ќе се употребуваат кај најпопуларните модели на Yamaha во Hyper Naked, Sport Heritage и Sport Touring сегментите.

Тие имаат голем степен на прилагодливост, а на располагање ќе има и голем број на федери во зависност од тежината на возачите. Овие првокласни производи на Öhlins нудат одлични перформанси како и поголема контрола.

Дилерите на Yamaha можат да им ги обезбедат овие производи директно на потрошувачите, а со тоа сопствениците на MT, XSR, Tracer, XV950 и YZF-R3 ќе можат да го прилагодат мотоциклот според својот стил на возење. Производите на Öhlins ќе бидат застапени и на 3Д конфигураторот на Yamaha, кој ќе им овозможи на возачите да направат мотоцикл според сопствено мислење преку аппликацијата My Garage.

За 2017 година, опсегот на Öhlins делови ќе ги вклучи и моделите YZF-R1, YZF-R6 и MT-10. Со ова, љубителите на мотоциклите на Yamaha ќе имаат можност сами да го креираат својот мотоцикл.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: