(Време на читање: 2 - 3 минути)


Ерцберг е мит. Планина што ги крши мечтите на многумина, но истовремено ги претвора најхрабрите во легенди. Во 2026 година KTM реши да ја подигне возбудата на ново ниво и да им овозможи на вистинските авантуристи шанса да застанат внатре во срцето на најжестокото хард-ендуро шоу во светот – Red Bull Erzbergrodeo.

Според официјалните информации, ова искуство не е само награда, туку билет за светот што обично останува зад затворени врати: хеликоптерски лет над Iron Giant, фабрички возачи на чекор од вас и ексклузивна шанса да се стартува Прологот на KTM 390 Adventure R.

rodeo

KTM одамна не е само производител на мотоцикли, туку бренд што живее на границата на можностите. Со промоцијата „Ultimate Red Bull Erzbergrodeo Experience 2026“, компанијата повторно покажува дека знае како да го запали адреналинот на својата заедница. Според информациите објавени од KTM, секој кој ќе купи нов KTM Adventure или Dual Sport модел во периодот меѓу март и 10 мај 2026 автоматски влегува во глобалната ждрепка што ќе ги одбере само тројцата најсреќни – или најхрабрите – што ќе го искусат Ерцберг на начин достапен само за одбрани.

Она што овој пакет го издвојува е комбинацијата на ексклузивност и вистинско офроуд искуство. Добитниците добиваат VIP Gold Pass за целото траење на настанот, што ги става во срцето на хаосот што секоја година се одвива меѓу рударските падини на Eisenberg. Ова не е класично гледање од страна, туку доживување со сите сетила – мирисот на метанол од машините, звукот на илјадници кубици што одекнуваат, прашината што се крева над рудникот како магла што ја најавува битката за опстанок. Токму оваа блискост е она што KTM ја нарекува “inside‑the‑fence, throttle‑on” привилегија. 

Посебно внимание привлекува можноста за возење на Прологот на KTM 390 Adventure R, специјално подготвен со WP суспензија – ретка можност дури и за искусните возачи, а камо ли за оние што сонувале да ја почувствуваат „famed high‑speed gravel blast“ низ руда и камења. Ако на ова се додаде хеликоптерската тура над Iron Giant, местото од каде што започнуваат и завршуваат легендите на хард-ендурото, станува јасно дека KTM создава искуство што не може да се купи – дури ни со пари. 

Но авантурата не завршува тука. Програмата вклучува и фабричка тура со KTM Factory Racing ѕвездите, каде што задкулисните детали конечно стануваат видливи: сетирањата, подготовките, менталните рутини. Тоа е момент кога хероите од телевизискиот екран стануваат реални луѓе со кал до колената и метал во карактерот. За многумина, токму овие моменти значат повеќе од самото возење – бидејќи овозможуваат да се види човечката страна на спорт што изгледа надчовечки.

rodao2 

Во времиња кога екстремниот спорт станува сè поразвиен, KTM успева да задржи нешто што е ретко – автентичност. Erzbergrodeo останува суров, див и бескомпромисен. И наместо да го ублажи, KTM го отвора за својата заедница токму во онаа форма што го прави легендарен. Промоцијата е глобална, без ограничување на конкретен пазар, што значи дека и македонските возачи имаат реална шанса да влезат во жребот и да станат дел од оваа огнена приказна.

Ако некогаш си сонувал да го почувствуваш Ерцберг одвнатре, да стоиш каде што стојат хероите и да го слушнеш удaрот на срцето преку звукот на моторот, ова е твојот момент. Посети го најблискиот KTM дилер, избери ја машината што одговара на твојата авантуристичка душа и влези во шансата да ја доживееш најекстремната мото приказна на планетата. READY TO RACE не е само слоган – тоа е покана. И оваа година таа покана води директно кон Iron Giant.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: