Kawasaki Heavy Industries планира да направи промени во бизнисот со мотоцикли и теренски возила на четири тркала како дел од поширокиот план за реструктуирање.

KHI е огромен Јапонски конгломерат кој изработува голем број на продукти, од бродови па се до брзи возови, а исто така е вклучена и во проекти како што се роботи за здравствена заштита. Бизнисот со мотори и мотоцикли е единствениот бизнис за масовно производство на Kawasaki а со новата одлука се планира да се забрза носењето на одлуки, се наведува во соопштението кое го испратија од компанијата. KHI вели дека промената ќе биде направена до октомври 2021.

Од една страна ова би можело да биде добро за луѓето кои се дел од бизнисот со мотоцикли на Kawasaki, бидејќи тоа би довело до една независна компанија која ќе биде способна подобро да одговори на потребите на потрошувачите. Плус, се чини дека KHI очекува новата компанија да ги задржи блиските врски со главната фирма преку соработка со „Precision Machinery & Robot Business “ сегментот на KHI.

Kawasaki SpinOff txt 04 11 2020

Но од друга страна постои можност дека Kawasaki се одлучил на ваков потег бидејќи не гледа иднина во бизнисот со мотоцикли и оф роуд превозните средства на четири тркала.

„Гледајќи ја целата индустрија, можеме да заклучиме дека таа се соочува со се постара генерација на клиенти а тука секако се и построгите еколошки прописи“ , се наведува во соопштението кое го испратија од KHI.

Дел од поширокиот план на Kawasaki исто така вклучува и консолидација кај некои други големи сегменти а се планираат и промени кај одделот задолжен за изградба на железничка опрема.

Back To Top