Оваа технологија само што ја започнува својата следна еволуција.

Принципите на хидрауличните диск сопирачки не се променија уште откако за прв пат се појавија кај мотоциклите за масовна потрошувачка со CB750, иако од тогаш компонентите кои се дел од сопирачките значително се подобрија. Сопирањето исто така стана и попаметно благодарение на ABS, контрола на тракцијата како и автономното моторно сопирање.

Сега мотоиндустријата ја разгледува „brake by wire“ опцијата. Ајде подетално да ја разгледаме оваа технологија и да видиме како таа ќе влијае на возењето.

Што е „brake by wire“ и како функционира?

„Brake by wire“ значи дека сопирањето се активира електронски а не хидро-механички. Како и обично, притискањето со рака или нога се уште ја активира сопирачката, со таа разлика што сега инпутот станува сигнали кои се испраќаат до компјутерот за сопирање во системот. Потоа тој ги корист овие сигнали за да одреди колкав точно треба да биде притисокот при сопирањето, тоа да се случи во вистинско време и да се однесува на вистинското тркало.

Компјутерот исто така ги користи и сензорите за да одреди дали е потребно дополнително сопирање и употреба на ABS. „Brake by wire“ е интегриран во актуелните безбедносни системи.

Brake by wire System txt 1 04 11 2020

Се уште не сте убедени во оваа технологија? Формула 1 возилата веќе ја применуваат а исто така ја има и кај некои автомобили, како што е новата Корвета. Исто така станува популарна и кај електричните возила како што е E-Tron на Audi.

Brake by wire System txt 2 04 11 2020

Кај мотоциклите, главниот цилиндар и линиите за сопирачките не се заменуваат со сензори и жици.  Хидрауличниот главен цилиндр остануца на своето место со цел да се зачува нормалното чувство при сопирање. Но наместо да се добијат повратни информации  од контактот на подлогата со дискот, главниот цилиндар е поврзан со симулатор кој ви го дава истото чувство кое го очекувате од стандардните сопирачки. Доколку сакате, симулаторот може да се подеси за да ви обезбеди подобро чувство или острина. Еден од недостатоците на системот е недостатокот на пулсирање кое го чуствува возачот кога се уклучува ABS системот.

Другиот стил на сопирање преку оваа технологија воопшто не користи течност за сопирање и е целосно електро-механички.

Зошто би ја сакале оваа технологија кај мотоциклите?

Малкумина од нас некогаш ќе се доближат до прецизноста која ја дава компјутерот. Добар „ brake by wire“ систем сигурно ќе му даде на возачот рефлекси како компјутер. Со тоа ќе се подобри реакцијата на мотоциклот и тој ќе реагира само кога е неопходно. Системот би можел да го намали прегревањето на сопирачките , да ја подобри потрошувачката на гориво и да ја елиминира нерамномерната примена на силата на сопирачката.

Доколку се комбинира „ brake by wire “ системот заедно со технологијата која ја има кај мотоциклите денеска, ни станува јасно зошто компниите се заинтересирани за компјутеризирани сопирачки. Комбинираното сопирање би бил многу лесен почеток. Карактеристиките како што се control, loop-out control, advanced lean-sensitive braking, adaptive cruise contro би биле релативно лесни за интеграција.

Може ли системот да откаже?

Секој систем може да откаже и овој систем не е исклучок. Најчесто поставуваното прашање е следново: „Ако моето превозно средство ја загуби моќта или пак системот откаже, дали сопирачките ќе престанат да работат?“ Ќе престанат да работат доколку нема бекап систем.  Откажувањето на „ brake by wire “ системот принудува да се отвори вентилот на главниот цилиндар. Со тоа, главните цилиндри веднаш ја добиваат стандардната хидраулична функција. Во ваков случај ќе мора да продолжите да возите без сите помагала за возачите, но вака мотоциклите постојат веќе сто години.

Што е со електричните или хибридните мотоцикли?

Електричните мотоцикли се одлични кандидати за овој систем бидејќи треба да преминат меѓу стандардно сопирање и регенеративно сопирање. Компјутерот за контрола на сопирачките ќе може без проблем да се префрла од една на друга опција а возачот е може да се фокусира само на возењето.

Ride by wire txt 3 04 11 2020

Што се однесува на хибридите, наводно Brembo работи на специфичен „brake by wire“ систем кој се фокусира на максимизирање на регенерацијата без да се загрози реакцијата на сопирачката.

Дали вреди оваа технологија?

Оние кои се скептични во однос на оваа технологија веднаш ќе кажат дека и модерните хидраулични сопирачки веќе функционираат добро, особено сега кога ги имаме сите додатоци за помош на возачот. Исто така ќе кажат и дека на оваа технологија му треба традиционалниот систем за сопирање кој ќе служи како бекап опција па затоа компонентите ќе треба да дадат голем придонес за да го заработат своето место на мотоциклот. Жиците и додатоците лесно можат да се прикријат кај автомобилите.

Ride by wire txt 4 04 11 2020

BMW проба да направи одредени подобрувања кај сопирачките но сето тоа заврши неславно и брзо исчезна. Подоцна Honda експериментираше со „ Electronically Controlled Combined ABS “ систем кај линијата CBR. Подоцна го сменија курсот и кај скутерите и туринг машините користеше Combined ABS.

Ride by wire txt 5 04 11 2020

Ново не значи и подобро

„ Brake by wire “ делува неизбежно со оглед на целата нова технологија која ја имаме денеска кај мотоциклите. Се сеќавате кога ABS беше премиум додаток? Сега можете да купите Honda Monkey опремен со IMU.

Но се додека оваа технологија не стане широко достапна, нема да знаеме колку возачи ќе ја сакаат. Дали некоја Европска компанија ќе го направи првиот чекор? Или пак тоа ќе биде Јапонска фирма со длабоки џебови. Мислам дека наскоро ќе дознаеме.

Back To Top