Кога Kymco го најави RevoNex, новиот електричен мотоцикл кој ќе се појави на пазарот во 2021 година,  ветија дека тој ќе го промени светот на мотоциклите.

Кога Kymco го најави RevoNex, новиот електричен мотоцикл кој ќе се појави на пазарот во 2021 година,  ветија дека тој ќе го промени светот на мотоциклите.  Првиот човек на Kymco, Ален Ко, објаснува како ќе го направи тоа.

„Прво, мораме да ги одделиме електричните мотоцикли од електричните скутери. Кај електричните скутери, фокусот е на тоа како да дојдеме до конечно решение бидејќи за нив нема инфраструктура. За тие да функционираат како што треба, тоа мора претходно да се реши. “

„Во однос на електричните мотоцики, овој проблем, порано или подоцна, ќе го реши автомобилската индустрија. Ние мораме прво да најдеме начин за луѓето да не се грижат колку километри ќе можат да поминат. После тоа ќе работиме да ги направиме попривлечни.“

„Според мене, никогаш нема да натерате некој  да купи ваков мотоцикл само затоа што е електричен. Но многу е лесно да се убеди некој да купи супериорен продукт. Затоа клучот не ево тоа дали ќе купите електричен мотоцикл или не , туку да направите мотоцикл кој  подобар. Преку SuperNex и RevoNex ние нудиме мотоцикли кои имаат одлични перформанси и кои истовремено се електричени.“

Kymco Motorcycles txt 27 12

Она што се издвојува кај RevoNex е шест брзинскиот менувач, quickshifter и autoblipper. Тоа значи дека доколку сакате можете да ги менувате брзините или пак можете да го оставите во трета брзина и да го возите како голем скутер.

„Главниот дел е да имате избор“, додава Ко. „Доколку сакате не мора да го употребувате квачилото. Исто е и со звукот. Има луѓе кои велат дека им недостасува но има и луѓе на кои им се допаѓа колку е тивка машината. Многумина ни велат дека има многу добри работи кај електричните мотоцикли но сепак не сакаат да ги купат. Ние се обидуваме да го промениме тоа. Технологјата секогаш ќе биде тешкиот дел но најтешко сепак останува да се промени размислувањето на луѓето.“

„Во следните три години сигурно ќе видиме голем развој во однос на батеријата но исто така ќе има и повеќе места за полнење.“

Back To Top