Веќе 20 години познатата компанија преку Kawasaki GPZ900R на фановите им обезбедува фантастичен уличен мотоцикл.

Веќе 20 години познатата компанија преку Kawasaki GPZ900R на фановите им обезбедува фантастичен уличен мотоцикл. Оваа машина подоцна стана Ninja и помогна во креирањето на пазарот на спортски мотоцикли.

Неофицијалната ѕвезда на филмот Топ Ган, Kawasaki GPZ900R, стана познат благодарение на Том Круз.  А во продолжението на филмот кое ќе се појави во 2020 година, можеби повторно ќе го видиме овој исконски мотоцикл.

Барем такви најави ни пристигнуваат од Јапонија. Неодамна компнијата престави едно видео во кое се гледа развојот на GPZ900R низ годините.

Иако GPZ900R беше првиот DOHC inline-four спортски мотоцикл кој ни пристигна од Kawasaki, би можело да се искористи четири цилиндричната Z900 платформа за да се креира нов GPZ.  До некаде ова е постигнато со Kawasaki Z900RS Cafe но ние повеќе мислевме на примерот на Suzuki  и она што компанијата го направи со Katana, уште една машина која беше многу популарна во осумдесетите години.

За таа цел би можела да се искористи соголена верзија на Kawasaki Ninja ZX-10R. Би се додал ретро стил, четири цилиндричен супербајк мотор и неколку основни помагала. Со ова компанијата би добила интересен мотоцикл кој ќе има прифатлива цена но и предигре.

Ова секако дека би било интересно но дали ќе се исполни зависи од првите луѓе во Ивата, Јапонија. Или пак можеби Kawasaki ја користи промоција на филмот да не потсети на оваа машина.

Времето ќе покаже што е точно но идејата за нов GPZ900R воопшто не е толку луда. Можеби повторно ќе се врати во мода изгледот на мотоциклите од осумдесетите години.

Back To Top