Да бидеме искрени, силниот звук од издувот нема да ве спаси ако лицето кое управува со нов автомобил го пуштил звучиот систем најгласно и гледа на својот телефон додека вози. Но не грижете се бидејќи Bosch развива систем кој ќе ги предупредува возачите.

Да бидеме искрени, силниот звук од издувот нема да ве спаси ако лицето кое управува со нов автомобил го пуштил звучиот систем најгласно и гледа на својот телефон додека вози. Но не грижете се бидејќи Bosch развива систем кој ќе ги предупредува возачите.

bosch working on bike to car safety communication system 1

Технолошкиот гигант Bosch објави дека развива прототип на комуникациски систем кој ќе го намали ризикот од сообраќајни несреќи. Од компанијата го опишаа системот како „дигитален штит“ кој во теорија би требало да ве држи во еден виртуелен меур додека возите. Најголемиот проблем кај мотоциклите е дека многу слабо ги забележуваат другите возачи. Но со новиот систем на Bosch, возилата ќе можат да си споделуваат информации за нивната локација, насока, брзина како и да ги предупредат другите возачи доколку постои можност од сообраќајна несреќа.

Еве како функционира: До десет пати во една секунда, возилата во радиус од неколку стотина метри разменуваат информации во однос на видот на возилото, неговата брзина, позиција и насока на движење. Пред возачите да го видат мотоциклот, оваа технологија ќе ги информира дека тој се приближува. На пример, опасна ситуација настанува кога мотоцикл му се приближува на некој автомобил на голем автопат. Тој може да се најде на слепата точка за возачот или пак возачот одлучи да ја смени лентата на движење. Ако системот забележи можност за сообраќајна несреќа, веднаш ќе се вклучи црвената сијалица која се наоѓа на таблата со информации.

bosch working on bike to car safety communication system 3

Уште еден интересен податок кој треба да се напомене е дека јавниот WLAN стандард ќе се користи како основа за менувањето на податоците меѓу мотоциклите и автомобилите и ќе бидат потребни само неколку милисекунди за трансфер на информацијата.

Паркираните возила исто така ќе пренесуваат информации. За да може и возачите кои се подалеку да добијат вредни информации, оваа технологија ќе функционира како една голема мрежа.

Back To Top