Вести од светот

BMW развива нешто ново

BMW Motorrad патентира нова технологија и планира да вгради „crumple zone “ кај мотоциклите со цел да се зголеми безбедноста на возачите.

Следете нè на:

 

BMW Motorrad патентира нова технологија и планира да вгради „crumple zone “ кај мотоциклите со цел да се зголеми безбедноста на возачите.

Иако со текот на годините мотоциклите станаа побрзи и понапредни, многу малку се вложува во однос на безбедоста на возачите во случај на несреќа. Можеби е направен значителен напредок во однос на технологијата за да се спречат несреќите, на пример контрола на тракцијата, ABS како и радарскиот систем,  многу малку компании вложуваат за тоа како да се заштити возач доколку на крајот се случи несреќата.

Од BMW решија да работат на овој сегмент и дојдоа до идеја која е навистина едноставна и е големо изненадување што досега ова не е применето.

BMW safetyDesign txt 1 19 02

Повеќето од несреќите во кои се вклучени мотоцикли се класифицирани како SMIDSY (Sorry mate, I didn’t see you). Автомобилите многу често не ги гледаат другите возачи на патот, доаѓа до контакт со мотоциклот и возачот ја губи контролата над машината. Во овие случаи, најтешко поминува возачот на мотоциклот.

Сепак, BMW патентираше иновација во која едноставна компонента во форма на буквата V се наоѓа кај предното тркало. Во случај на несреќа, компонентата продолжува да го држи тркалото право а вилушката го абсорбира дел од импактот кој инаку би отишол кај возачот.

BMW safetyDesign txt 2 19 02

Многу работи ќе зависат од видот на несреќата и можеби оваа технологија нема да биде ефикасна во сите случаи, но сепак, ако се спаси барем и еден живот, работата е добро завршена.

Останува да видиме дали BMW наскоро ќе почне со примена на овој патент, со оглед на тоа дека компанијата е позната по тоа што вложува многу во однос на безбедноста на возачите, сетете се само на BMW C1 скутерот. Поради едностанста на самата идеја, веруваме дека наскоро ќе ја видиме кај мотоциклите.

Би можело да ве интересира

Шестата МотоГП трка во шампионатот се вози на легендарната патека Муџело во Италија.

Прва трка од Ендуро шампионатот за 2021 година, во организација на мото клуб Мото-Велес, Мотоциклистичка федерација на Македонија и Општина Велес.

По неколку месечни шпекулации, денеска Јамаха официјално го претстави новиот спортски мотор базиран на MT-07 платформата со име Yamaha R7.

Петтата трка од МотоГП шампионатот викендов се вози на патеката Ле Ман во Франција.

Motul е официјален партнер на мотоциклите Kawasaki во Германија и соработката помеѓу Motul и Kawasaki резултираше во целосно ново масло, развиено исклучиво за мотоцикли Kawasaki - Kawasaki Lime Green Edition Motul 10W-40 - сега достапно во Македонија!

Патеката Херез во Шпанија ќе биде домаќин на третата трка во сезоната. Во продолжение следува распоредот за сите сесии.

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.