Забрана за возење во текот на викендот како и поскапи делови за издувот се само дел од предлозите на иницијативата.

Нов предлог за да се намали бучавата која ја прават мотоциклите беше претставена во Германија. Меѓу барањата на претставниците се и забрана за движење на мотоциклите на одредени патишта за време на викендите.

Проблемот со бучавата е се поприсутен меѓу жителите на Европа а нивните поплаки стигнаа до првите луѓе на многу региони.

Радарот кој веќе се појави во Франција предизвика голема контроверзија но се чини дека ги предизвика жителите на останатите држави ширум континентот да преземат нешто слично. Во Германија веќе се инсталирани специјални уреди кои ги предупредуваат возачите ако нивните мотоцикли го надминуваат дозволеното ниво на бучава.

Germany Noisy txt 27 02

Иницијативата „Motorcycle Noise Initiative“ е дело претставници на Германската државна канцеларија во покраината Баден – Вутенберг. Со неа се бараат поголеми контроли над мотоциклите а исто така има и голем број на препораки.

Целта на иницијативата е возачите да не бидат премногу бучни во населените делови но со неа исто така се бара и поскапување на додатоците за издувот на мотоциклот. Оние пак кои намерно прават промени кај издувот, се соочуваат со висока финансиска казна.

Со иницијативата исто така се бара и поголемо користење на електричните мотоцикли но има и неколку екстремни предлози, како што е забрана за возење во одредени делови од градот за време на викендите и некои јавни празници. Иако мораме да признаеме дека некои возачи без некоја посебна причина се премногу бучни сепак наше мислење е дека бучавата која ја прават мотоциклите е од големо значење за безбедноста на возачите.

Кое е вашето мислење? Дали се овие мерки само уште една причина да има помалку мотоцикли на улиците?

Back To Top